Филипче: Зголемувањето на капитацијата на матичните лекари е сериозна реформа во примарното здравство

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во изминативе две години издадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи и одобрени се повеќе од 900 специјализации за четири годишниот период.

-Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита овозможивме сите млади лекари веднаш по полагањето на испитот за лиценца во Лекарската комора, да добијат платено работно место од 30 илјади денари. Да бидат едуцирани од своите постари колеги, со цел на навлезат во системот и да бидат примени без ниту еден фактор на дискриминација. Секој што се пријави на огласот доби работно место, вкупно 290. Распределени се по Службите за итна медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче изјави дека во континуитет се зголемуваат платите и дежурствата на здравствените работници, а приватните специјализанти по првпат се платени за својот труд.

-Приближно милијарда денари се вложени во платите, примањата и надоместоците на сите вработени во јавно-здравствениот сектор и уште толку, приближна сума се спрема да биде инвестирана во истото, платите да достигнат 100 илјади денари на докторите специјалисти, рече министерот Филипче и додаде дека во некои клиники и сега достигнува 100 илјади денари како нето примања заедно со дежурствата.

Од собраниската говорница, Филипче истакна дека зголемувањето на капитацијата не е само зголемување на примањата на матичните лекари, туку и имплементирање на сериозна реформа во примарното здравство. На овој начин, ќе бидат стимулирани согласно моделот на Словенија да пружат сериозна услуга во смисла на превенција и рано откривање на одредени болести.

-За две години воведовме пет нови лекови за ретките болести. Сега имаме оригинални инсулини, со сертификат за квалитет. Дополнително, вложени се 100 милиони денари за двегодишен период. Се набавија две нови вакцини, против рота и пнеумокок. Вакцините против грип се во завршна фаза на набавка. Во периодот од неколку денови што следи ќе бидат бесплатно на располагање на пациентите од ризични групи: пензионерите без разлика на висината на пензијата, децата до пет години, трудниците вакцинирани во првите десет дена на ноември, кажа Филипче.

Според него, нашите граѓани заслужуваат да имаат модерен Клинички центар.

-Еднаш се прави таква инвестиција која ќе трае со години и децении пред нас. Ништо не може и нема алтернатива да замени еден таков модерен, медицински објект, како што изгледаат сите болници во Европа, истакна министерот Филипче. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер