Филипче: За 40% ќе го зголемиме платите на здравствените работници

Филипче потенцираше дека кризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. 

На денешната централна прес-конференција во Штип, претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче ги презентираше вложувањата во здравството во изминатите три години и ги најави следните чекори со цел зајакнување на целиот здравсрвен систем.

Филипче потенцираше дека кризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. Тој рече дека ќе се продолжи да се инвестира во човечките ресурси, во напредни методи, во опрема и во терапии. До крајот на 2020 ќе се дефинира 10 годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе се побара широка собраниска поддршка за неа заради тоа што на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.

„Човечкиот капитал претставува најголем и најскап ресурс на здравствениот систем, кој е најтешко да се развие, одржи и задржи. Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници за 10%, значи вкупно 40% за целокупниот следен мандат. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зголемиме бројот на специјализации преку два механизми. Прво, ќе се зголеми бројот на специјализанти по ментор, а понатаму и со реформа во рамките на Медицинскиот факултет ќе се зголеми бројот и на наставни лица. Младите лекари ќе имаат можност да напредуваат и во науката, многу повеќе отколку што тоа го имаат сега", истакна Филипче и додаде дека ќе се склучи договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри.

Пациентот е центарот на здравствениот систем. Ќе се воведе проект „Телемедицина" каде ќе патува информацијата, а не пациентот, со поврзување на клиничките болници со Универзитетскиот Клинички центар. Со ова, секој пациент ќе добие навремена и брза интеренција.

„До крајот на мандатот ќе започнеме проект за енергетска ефикасност на сите болници и здравствени домови во нашата земја. Ќе ги реновираме најстарите одделениjа во болниците, нешто што го започнавме и над 20 одделенија се веќе реновирани. Ќе обезбедиме 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош. Капацитетот на итната медицинска помош во Скопје го зголемивме за 100%. Ќе направиме три пунктови за итна медицинска помош", информираше Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче рече дека ќе се почне со изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје.

За реализираните мерки во изминатите три години, претседателот на Комисијата за здравство потсети дека Владата предводена од СДСМ наследи здравствен систем со целосно намалена ефикасност и ефективност - со демотивираност и ниски плати за здравствените работници. Со огромна смртност на родилките и новороденчињата, со недостаток од лекови и медицински потрошен материјал, лекови и инсулини од сомнително потекло и огромни долгови на јавно здравствените иснтитуции.

„За три години инвестиравме многу. Инвестиравме во платите на здравствените работници. Сега лекар специјалист има помеѓу 85 и 160 илјади денари плата. Се инвестираше во буџетот за ретки болести од 230 на 520 милиони денари, донесовме шест нови лекови за ретки болести, за кои пациентите беа приморани да одат да се лекуваат во странство. Се донесоа оригинални инсулини. Претходдно, пациентите со шеќерна болест примаа инсулини донесени на сомнителен начин од Турција, без никаков сертификат за квалитет, а пациентите немаа ефект од примањето на инсулините.", рече Филипче.

Филипче ги потенцираше и инвестициите во вакцините и модернизацијата на календарот за имунизација и зголемениот процент на опфат со вакцинација.

„Имаме две нови вакцини како најсовремените европски земји. Го зголемивме опфатот со вакцинација од под 80%, во Скопје е сега над 99%, а на територијата на целата држава над 95%" – истакна Филипче и додаде дека сето ова е мотив и уште еден дополнителен стимул да се продолжи понатаму, да се инвестира таму каде што е најпотребно, во системот на јавно здравство. Здравството е еден од столбовите на државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер