Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри
1Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
2Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри
МакедонијаФилипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блокПретседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори 2025.Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе настапи со сегашната коалиција, а во однос вториот круг од изборите рече дека ќе разговараат и со другите партии во албанскиот блок. Претседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори 2025, како и дека во следниот период ќе бидат презентирани програмите на нивните кандидати. Изрази жалење што, како што кажа, владејачката коалицијата не направила ништо да собере мнозинство во Парламентот да се изгласа Изборниот законик. - Власта не се обиде да го собере Бадинтеровото мнозинство. Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор, рече Филипче. На прашањето дали независните кандидатури може да повлечат нивни гласови на изборите, Филипче не одговори, но посочи дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати. - Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните, потенцира Филипче. СДСМ на локалните избори, според него, ќе води позитивна кампања. - Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат, истакна Филипче. Тој кажа дека не се точни изјавите дека неговата партија заедно со ДУИ подготвува дестабилизација и хаос за локалните избори. Такво сценарио, рече Филипче, ниту има, ниту размислуваме да има. Според него, СДСМ е фокусирана на демократски механизми против власта. -Ги слушаме тие обвинувања од премиерот подолг временски период наназад дека СДСМ заедно со ДУИ и не знам со кој подготвува некакви сценарија за дестабилизација. Ништо од тоа не е вистина. Досега требаше да се случи некаква дестабилизација бидејќи тој за тоа обвинува подолг временски период, не само сега. И тоа е нешто што му е потребно, едноставно нема со што да се пофали, нема никаква добра политика. Гледате што се случува во економијата, има поделби, изјави Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција во партијата. Ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година, според него, останале неисполнети. - Подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира, рече тој на прес-конференцијата. За фотографијата на која се гледа дека одмора заедно со поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев на јахта во Грција, а од друга страна обвинува за намалување на стандардот за живеење, Филипче рече дека и тоа како има легитимитет и кредибилитет да зборува за ова прашање поради тоа што цел живот работи за граѓаните. - Прво како доктор со пациенти, а понатаму како министер кога сум се борел за сите граѓани, и за стандардот на здравствените работници, рече Филипче посочувајќи дека платите биле зголемени на здравствените работници најавувајќи дека ќе продолжи да се бори за стандардот на граѓаните. Обвини дека подолго време против него е присутен систем за пропаганда и тоа дека имал куќа во Нерези, дека има подарок џип, зграда и авоикомпанија во Дубаи. Тоа, рече Филипче, не е вистина и жали што ВМРО-ДПМНЕ развива таков систем. -Сметам дека тоа веќе не е само политички феномен, туку веќе е општествен феномен и дека станува збор за луѓе коишто го креираат тој наратив со цел нивото на политичка и јавна комуникација да го сведат под елементарното цивилизациско ниво. Едноставно сакаат да ве однесат во калта и тука да се борите, ама јас тоа нема да го дозволам. Сите тие работи, апсолутно не се вистина, рече Филипче. Претседателот на СДСМ рече дека не се консултира со Заев за политички прашања. - Зоран Заев веќе не се занимава со политика. Моите одлуки тука политички ги градиме заедно со раководството, рече Филипче на прес-конференцијата во седиштето на партијата. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоландскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада во понеделник откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада.Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада, а спорот околу зголемувањето на данокот на богатство ја доведе коалицијата на работ на колапс, објави Ројтерс. Јетен ќе разговара со лидерите на VVD и Христијанско-демократската партија. По гласањето, тој рече дека ќе направи сè што може за да ја спаси коалицијата и најави дека ќе се обиде да постигне „нов почеток“. Кризата избувна поради договорот со левичарската опозиција за поддршка на даночниот план за 2027 година во замена за мало зголемување на даноците на богатство. Коалицијата од три партии, формирана пред помалку од девет месеци, е поделена околу предлогот. Десничарската, бизнис-ориентирана Народна партија за слобода и демократија (VVD) остро се спротивстави на амандманот, додека центристичката партија D66 на Јетен и Христијанско-демократската партија го поддржаа предлогот. Сепак, планот беше усвоен со тесно мнозинство, благодарение на гласовите на опозициските партии. Лидерот на VVD, Рубен Брекелманс, го опиша гласањето како „разочарувачко“ и рече дека неговата партија сериозно ќе го преиспита својот став. Излегувањето на VVD од коалицијата веројатно би значело крај на малцинската влада на Јетен. Кризата би можела да доведе до нови избори, четврти во Холандија за пет години. Сепак, гласањето не е единствената опција: партиите би можеле да се обидат да формираат нова влада врз основа на постојната распределба на места во Долниот дом на парламентот. Таквиот договор веројатно би довел повторно до малцинска влада, нешто што главната левичарска опозициска партија Про веќе го отфрли. Јетен стана најмладиот премиер во холандската историја во февруари. Неговата партија Д66 неочекувано ги доби изборите пред една година, со кампања која ветуваше раскинување со претходната влада, во која доминираше националистот Герт Вилдерс. Новата влада се соочи со тешкотии од самиот почеток, бидејќи нема мнозинство во ниту еден дом на парламентот и мора да ја обезбеди поддршката од опозицијата за да ги усвои своите предлози. Холандија традиционално е управувана од коалициски влади со парламентарно мнозинство, но нивното формирање е сè потешко поради политичката фрагментација и промените во поддршката на гласачите.Тагови: данок на богатство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВо Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите Патничките возила Škoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, беше објавено во системот за брза размена на информации NEPRO за опасни производи.Повлекувањето се однесува на моделот или моделите Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq на Шкода, а видот на ризикот е: Ризик од повреди, објави Телеграф. Овој случај е регистриран под број на повлекување 134/2026, од 13.11.2026 година. Категоријата на случајот е повлекување на потрошувачки производи. На засегнатите возила, навлегување на влага може да предизвика корозија на завртката за монтирање на управувачот. Доколку оваа корозија напредува, монтирањето на управувачот може да биде компромитирано. Ова може да доведе до губење на контролата врз возилото (губење на способноста за управување) и да го зголеми ризикот од повреди на учесниците во сообраќајот. На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивниот модел е засегнат од повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот или надлежните институции. Кај возилата опфатени со повлекувањето на моделот „48LS“, завртката за монтирање на механизмот за управување ќе биде заменета со нова, поотпорна на корозија. На веб-страницата www.skoda-auto.rs/ е можно да се провери, со користење на VIN бројот (број на шасија на возилото), дали возилото е опфатено со повлекувањето.Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километриЗаменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле.Зборувајќи на погребната церемонија за 110 лица убиени во војната меѓу Иран и Ирак во 1980-тите, позната таму како „Света одбрана“, денеска во Техеран, заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле откако сфатил дека неговите агенти и платеници не се способни да се соочат со Исламската револуција, објави Тасним њуз. Тој рече дека агресорите се обиделе да го распарчат Иран, да го соборат неговиот политички систем, да го лишат од неговите нуклеарни и ракетни капацитети, да го ослабат Фронтот на отпорот и да ги ограбат неговите нафтени ресурси, како што направија во Венецуела, во обид да го понижат иранскиот народ. Генерал-мајор Езади истакна дека воените капацитети и одвраќањето на Иран достигнале ниво каде што командантите на ракетните линии на фронтот лансираат ракети со боеви глави тешки два тона на растојание од 1.500 километри, со што ги попречуваат непријателските планови насочени кон безбедноста и моќта на земјата. Тој додаде дека непријателските бази на копно и море биле подложени на разорни напади од страна на иранските борци, истакнувајќи дека стравот од воените капацитети на Иран ги навел самите противници да признаат дека нивните ракетни залихи и ресурси се значително исцрпени. Iran is fully prepared to launch more powerful strikes against any renewed aggression, potentially extending beyond the region, Major General Mostafa Izadi told Al Mayadeen, reaffirming Tehran's support for Hezbollah and Lebanon. https://t.co/5M5ZveaJpk — Al Mayadeen English (@MayadeenEnglish) November 13, 2026 Заменик-командантот на ИРГК нагласи дека иранските вооружени сили ќе одговорат веднаш и ефикасно на агресијата и ќе ги натераат напаѓачите да се покаат за своите постапки, во случај на каква било закана, без оглед на нејзиниот интензитет или природа. Тие исто така ќе дејствуваат „без никакви географски ограничувања“ за да ги уништат корените на угнетувањето и ароганцијата, додаде тој. Изјавите дојдоа откако Врховниот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, ја нагласи важноста на одржувањето висока борбена готовност и максималното ниво на одвраќање од потенцијални закани. На неодамнешниот состанок со високи воени команданти, Врховниот лидер нареди итен и силен одговор на каква било закана, без географски ограничувања, нагласувајќи дека ако непријателите обноват воени или терористички напади, иранските вооружени сили и народот ќе одлучат кога ќе завршат и под кои услови. Тагови: Иран боеви глави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter