Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели - Канал 5

Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели

ВМРО користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми. 

Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели

Филипче посочи дека политиките на ВМРО се само пропагандни методи и создавање вештачки непријатели, користејќи ја орбановата мрежа на медиуми во Македонија.

„ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.

Тој посочи дека во Унгарија веќе започна процесот на расчистување со криминалите поврзани со владеењето на Виктор Орбан и дека тие случаи, водат и до структури блиски до Христијан Мицкоски.

„Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“, изјави Филипче.

Во изјавата Филипче додаде дека дека поврзаноста меѓу владата на Мицкоски и структурите блиски до Виктор Орбан, се гледа преку договрите и проектите со Унгарија и медиумското влијание во државата.

„Прво прашањето со кредитот од Унгарија милијарда евра е задолжена земјата за да само некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ користат некакви кредити. А сите ние преку нашите даноци, сите граѓани ги плаќаат тие кредити за само селектирани компании. Потоа прашањето со пругата, прашањето со телекомот и најважното прашање кое што еве таму се отвара, веќе тие медиуми во Унгарија се распаѓаат, луѓето почнуваат да се извинуваат за лажните вести кои што ги ширеле, и тоа ќе се случува и кај нас“, рече Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 12. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 12. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 12. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива.

Кариера

Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито.

Здравје и совет

Медитирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро.

Кариера

Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели.

Здравје и совет

Останете доследни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате.

Кариера

Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин.

Здравје и совет

Избегнувајте колачи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица.

Кариера

И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно.

Здравје и совет

Здравјето ви се подобрува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се.

Кариера

Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа.

Здравје и совет

Непостојаност во навиките.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете.

Кариера

На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи.

Кариера

Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат.

Здравје и совет

Ги победувате грижите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации.

Кариера

Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на чист воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо.

Кариера

Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте.

Кариера

Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Здравје и совет

Изолирајте се во мир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции.

Кариера

Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата.

Кариера

Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате.

Здравје и совет

Внимавајте на вируси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево

Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.

Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево.

Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево. Проектот треба да се реализира во две фази - првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер