Филипче: Срамни и понижувачки се антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

Филипче: Срамни и понижувачки се антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Бришењето на термините „македонски јазик и идентитет“ од Извештајот за напредокот на земајава е пораз на владината дипломатија и е резултат на застранувањето на власта од стратешките позиции на државата, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. 

Филипче: Срамни и понижувачки се антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Според него Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ветувала гордост, а донела понижување на државата и не остварила ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција со Унијата. Порача дека македонаката интергација во ЕУ е се подалечна поради политиките на сегашната власт.

„ Одлуката на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на застранување од јасно утврдените стратешки позиции на државата и злоупотребата на јазикот и на идентитските прашања од страна на Владата, за сопствена политичка кампања. Тоа е директен резултат на дипломатските импровизации и целосна негрижа на Владата за зачувување на меѓународните позиции на државата. Секој нов пораз во надворешната политика, Владата го оправдува со сè подраматични и празни прес-конференции, обвинувајќи ги другите за сопствениот неуспех. Антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се обидуваат да го загрозат нашиот јазик и идентитет за сопствени политики се срамни, се понижувачки и се спротивни на здравиот разум на секој што ја сака оваа земја“ – рече – Венко Филипче, претседател на СДСМ.

На повикот од премиерот Мицкоски за сојузништво околу евроинтегративниот пат Филипче одговори дека се отворени за соработка и за разговори во секој момент и дека СДСМ и досега повикувала покренувала иницијативи за обединување околу националните интереси и европскиот пат на државта. Тој е на став дека не е потребно раскинување на Догвоорот за добрососедство со Бугарија, напротив смета дека тој треба да се искористи за подобрување на односите.

„Сметам дека не треба да се повлекуваме од договорите. Договорите се прават за да служат, да некои односи се надградуваат во духот на добрососедството, во духот на Копенхашките критериуми, во духот на Европа. Ништо нема да направиме ако се повлечеме од некој. Добро, треба да бидеме принципијални, да бидеме коректни“, порчаа Филипче.

На радикалните изјави и провокациите кои доаѓаат од бугарски политичари Филипче смета дека државата треба да одговори со умешна и решителна дипломатија и со фер и добрососедско однесување, а не со конфорнтанции, а Европа како што рече да биде сведок на провокациите кои доаѓаат од другата страна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер