Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
1Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаФилипче: Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМПретседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на опозициската партија.Тој на прес-конференцијата даде одговор на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но дека тоа немало врска со резултатот од локалните избори. -Да, тоа се случи меѓу двата изборни круга, но причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа, кое што го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што тоа доведе до една таква непријатна ситуација, која што не беше ниту намерна, ниту тенденциозна. Но како и да е поразговаравме и по расчистувањето на тоа недоразбирање сепак Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ, истакна Филипче. Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски, во емисијата „Тема на денот “ на ТВ Сител рече дека има вистина во тоа дека понудил оставка во моментот кога требало да се поднесе резолуцијата до Собранието за Бугарија. Тој додаде дека е точно дека барал да биде сменет од функцијата координатор на СДСМ, но тоа било за предлогот на партијата за стратегија на црвени линии во спорот со Бугарија со усвојување на истата во Парламентот. Тој бил против таков чекор од партијата. Како што најави Филипче во текот на следната недела ќе заседаваат партиските тела и ќе бидат назначени двајца нови потпретседатели, а ќе има измени и во извршниот одбор. Во однос на последните случувања на реалација влада - правосудство, Филипче рече дека начинот на комуникација на власта и зборовите кои ги користи се несоодветни и недолични и смета дека тоа е еден од начините да се направи дефокус од вистинските работи, кои Владата треба да ги прави, а како што рече, не ги прави. -А тоа се реформите. Никој во ниту еден сегмент не бара дополнителни пари без реформи, не, луѓето бараат реформи, бараат подобар систем, тоа го бараат граѓаните, сакаат да живеат во подобар систем, во држава со подобра јавна администрација, обвразование, судство, тоа го бараат судиите. Ако за првпат во историјата се обединиле сите судии да се обраќаат кон премиерот, извинете кабаетот е кај него. Дали во секој систем и во сите групи и во сите институции има луѓе, кои што на некој начин со своето несоодветно однесување и постапки прават терет врз целиот тој сегмент, да има секаде, но мнозинството луѓе, значајно мнозинство луѓе бараат систем, реформи, прогрес и преку тоа повисоки примања и тоа е нашиот пат, начинот за излез од оваа ситуација во која не стави Владата, а таа е тешка периферија на Балканот. Да резимирам сметам дека приоритет треба да бидат реформите во правосудството, преку кои ќе се постигнат две работи - подобар систем, поголема функционалност и поголеми примања за сите кои работат таму, тоа е начинот како ќе се зголеми довербата во правосудството, нема друго нема волшебно стапче, како што нема во ниту еден сегмент, рече Филипче. Според него има стагнација во сите сегменти, во преден план се ставени бизнис интереси на мала група луѓе и од утре, како што рече, партијата почнува со серијал прес-конференции за скандали. Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на Мицкоски направи хаос во Фондот за ПИОМ со што во ризик ја доведе исплатата на пензиите. Затоа, како што кажа Филипче, Мицкоски се обидува со бесрамни лаги и манипулации да ја препише вината за хаосот во пензискиот фонд што тој го направи, на СДСМ. „Такво политичко лицемерие до сега не сме виде виделе и тоа е обидот на премиерот Мицкоски таа криза која што самиот ја создаде и измамата која што ја направи кон пензионерите сега да ја препише на СДСМ. Велат дека СДСМ сакал преку судството да ги намали пензиите на пензионерите. Ваква лага одамна не сме слушнале. И сакам јасно да им порачам на пензионерите, хаосот којшто се случува во пензискиот систем, нестабилноста на пензискиот фонд којашто ВМРО-ДПМНЕ ја создаде за само година и пол владеење, неизвесноста за тоа дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци- се е резултат на лошите политики, на лагите, на манипулациите на премиерот Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, рече Филипче. При тоа, Филипче потсети дека СДСМ повеќепати предупредуваше дека е потребно власта да се придржува до законското решение кое што беше донесено во времето на владата на СДСМ, кое што предвидуваше правично зголемување на пензиите и одржливост на Фондот за ПИОМ. „Тоа законско решение беше логично, обезбедуваше доволна сума на пари за континуирано зголемување на пензиите согласно зголемувањето на трошоците за живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата, за да пензионерите живеат достоинствени денови, така како што заслужуваат пензионерски, поради тоа што целиот живот плаќале придонеси во пензискиот фонд.Што ние направивме,50% усогласување со инфлацијата, 50% усогласување со платите. А сега владата донесе несоодветно решение и ќе видиме сега, според одлуката на Уставниот суд, многу веројатно противуставно решение“ рече Филипче. Тој додаде дека доколку власта го продолжеше законското решение на СДСМ, сега над 92% од пензионерите ќе добиеа поголемо зголемување од овие 1.000 денари со решението на владата на премиерот Мицкоски.Тагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели Најмалку 22 лица загинаа денеска во судир меѓу автобус и камион на автопат во Кенија, соопшти полицијата.Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес. Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата. Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми. Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија. Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста. Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
МакедонијаЗајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава. Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните. „Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание. ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво. Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНе се гледа крајот на протестите во Франција- Макрон нема решение Групи француски демонстранти и синдикати повикаа на понатамошни демонстрации за да го продолжат притисокот врз владата откако голема безбедносна операција помогна во контролирањето на немирите во саботата за време на протестите низ целата земја.Министерството за внатрешни работи соопшти дека 410.000 луѓе учествувале во маршевите во саботата, а властите распоредиле 70.000 полицајци за да спречат повторени грабежи и вандализам во голем број градови на 17 октомври. Синдикалните лидери повикаа на понатамошни протести следната сабота и национален штрајк на 5 ноември, истакнувајќи дека фрустрацијата поради платите, трошоците за живот и јавните услуги се проширила далеку над студентското движење кое првпат се мобилизираше минатиот месец. „Гледаме натрупување на гнев и ги повикуваме луѓето да излезат на улиците и следната сабота“, изјави за BFM TV Муриел Гилберт, копретседател на левичарската федерација на синдикати „Солидари“. Таа рече дека незадоволството на студентите, работниците, пожарникарите и другите групи се претвора во заеднички бунт. Синдикатот на наставниците во образованието SUD изјави дека ќе се придружи на демонстрациите на 31 октомври, додека главниот синдикат CGT изјави дека ќе одлучи во текот на неделата. Просторот за реакција на Макрон е минимален Членовите на движењето „Жолти елеци“ - граѓанска иницијатива создадена во 2018 година како бунт против данокот на гориво - исто така повикаа на масовни собири следната сабота, вклучувајќи протестни седења пред градските собранија и зградата на Националното собрание. „Во оваа земја има гнев. Расте во училиштата и универзитетите, на кружните текови, во населбите, на фармите и на работните места“, изјави активистката Азелма Сиго за новинарите. Во 2019 година, претседателот Емануел Макрон успеа да најде средства за намалување на трошоците за гориво како одговор на барањата на „Жолтите елеци“. Седум години подоцна, поради преоптоварени јавни финансии, има многу малку простор за исполнување на барањата на демонстрантите. Покрај тоа, мандатот на Макрон истекува следната година, а неговата центристичка партија повеќе нема мнозинство потребно за донесување важни закони. Владата започна преговори со синдикатите и претставниците на студентите во обид да ја ублажи кризата, но водачите на протестите тврдат дека мерките што ги предложи досега се недоволни. Се подготвуваат нови демонстрации „Не добивме никаков одговор од оваа влада“, рече Гилберт. Полициските синдикати денеска изјавија дека немаат доволно работна сила за да го одржат високото ниво на распоредување на сила што помогна да се ограничат немирите на спорадични судири во неколку градови во Франција, вклучувајќи ги Париз и Марсеј. Министерството за внатрешни работи во неделата објави дека 1.314 лица биле уапсени во саботата, половина од бројот од минатата недела, и дека околу 50 полицајци биле повредени, во споредба со повеќе од 1.000 повредени минатата недела. Протестите одекнаа надвор од границите на Франција Во саботата, белгиската полиција во Брисел употреби солзавец и спреј со бибер во судир со антивладините демонстранти. Во Албанија, мирните протести, кои започнаа кон крајот на мај, се претворија во насилни немири, а во неколку италијански градови, втора недела по ред, се случуваат помали конфликти.Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook