Филипче: Се уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили

 Се уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили.

Од вкупниот процент невакцинирани деца сега во Скопје и надвор од Скопје се вакцинирани 45 проценти. Вкупниот број невакцинирани деца беше 10 отсто од вкупниот број деца кои подлежат на вакцинација. За жал процентот на вакцинирани деца од вкупниот број невакцинирани надвор од Скопје е 23 проценти. Процентот на вакцинација со морбили во државава беше 82, 83 проценти, што е сериозно малку и укажува дека колективниот имунитет е сериозно опаднат.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во овој момент во државава вкупниот број заболени од морбили изнесува 1.060, се уште има добра динамика на вакцинирање на невакцинираните деца и околу 73 проценти од невакцинираните деца во Скопје се вакцинирани.

– Се надевам дека сите ќе се придржуваат кон мерките кои ги воведовме како резултат на прогласување на епидемијата на ниво на целата територија, затоа што секој кој не е вакциниран, кој е нецелосно вакциниран или има непознат вакцнален статус, во присуство на вирусот значи дека има исклучително висок ризик да заболи од морбили, нагласи Филипче на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Зоолошката градина во Скопје, на кое присуствуваа деца од градинките во општина Центар.

Министерот посочи дека во текот на изминатата година вложиле многу средства за модернизирање на календарот за имунизација, вовеле две нови вакцини – пневмококна и за рота вирус, а од 1 јуни новиот календар за имунизација ќе излезе во Службен весник, кој, според него, е најмодерниот во регионов, а тоа е поздравено од СЗО.

– Дополнително на новите вакцини се осовременија некои стари вакцини, се воведоа нови типови вакцини кои се ацелуларни и кои создаваат помалку реакции за време на вакцинирањето. За жал во овој период се соочуваме со епидемија, додаде Филипче.

Тој им упати неколку препораки на присутните деца.

– За да бидете здрави и да не се разболувате многу е битно да јадете здрава храна и да правите физички вежби, но освен тоа многу е битно да се вакцинирате. Тоа се многу мали инјекции, вакцини од кои нема многу болка и штитат од многу болести, рече Филипче.

По обраќањето на министерот, настапија ученици од Музичкото училиште „Боро Џони" од Струмица.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер