Филипче: Се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја

Филипче на Фејсбук објави дека во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја.Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот!, напиша Филипче на Фејсбук.

Канал 5 уште пред една недела објави приказна за транспалнтација на срце.

Канал 5 секогаш дава поддршка за зголемување на свеста за донирање на органи со пораката „дел од починатиот ќе продолжи да живее во друг и продолжува живот“.

притисни ентер