Во Македонија 23 пациенти чекаат трансплантација на срце

38 годишната Емилија Христовска  живее со надеж дека ќе добие срце за да продолжи да живее. 

Со безброј операции на срцето кои ветиле и дале мало подобрување, во моментов  соочена дека нова операција или вештачко срце не може да и помогне. Нејзиниот спас е во трансплантација на срце. 

Во Македонија има 23 кои чекаат трансплантација на срце најмладиот има 13 години, а најстариот пациент 61 година. 10 од нив се со механичка потпора, тројца се со две пумпи. Од нациналното здружение со циркуларна и механичка потпора на срце „Храбро срце“ велат дека она што е потребно е национална кампања за подигнување на јавната свест за органодарителство.

Христоска свесна дека срцето од починат може да бидат продолжување на живот кај неа и со молба до семејствата  на починатите кои може да даруваат орган да дозволат дел од нивнито близок да продолжи да живее и да спаси друг човек. Таа сега е на боледување и чека инвладиска пензија. 

Националниот координатор за трансплатнација Маја Мојсова објаснува дека трансплантацијата за срце е ставена во програмата во 2020 година. Процесот  застанал со  Ковид 19, вели Мојсова за Канал 5. Оваа недела Мојсова најави дека ќе имаат состанок со европската комисија за трансплантација каде ќе ги слушнат и препораките како ќе се продолжи со трансплантацијата, бидејќи пациените по трансплантацијата треба да бидат на  имуносупресивна терапија, а со тоа се зголемува можноста од бактериски и вирусни инфекции.  Голем број земји јавната свест за донирање на органи од починат донор ја зголемуваат преку серии, филмови (спот за трансплантација) но и во големите светски хитови и спотови трансплантацијата е дел од нив. 

притисни ентер