МакедонијаФилипче: СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и ЛевицаСДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица. Тоа се само празни, неиздржани обвинувања, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Тој на прес-конференција повтори дека партијата на локалните избори настапува само во соработка со своите коалициски партнери. На ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ им порача да зборуваат за сериозни теми, наместо да се препукуваат и, како што нагласи, да подгреваат национализам. Филипче воедно обвини дека досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството, како и дека Владата нема капацитет да се справи со предизвиците. -ВМРО-ДПМНЕ е веќе очајно кога зборува за судството. Сакам јавно да ги прашам до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо ниту една реформа, година и пол наназад поставуваат свои судии и обвинители и само го партизираат судството, нема ништо суштинско од спроведувањето на реформите. Јас бев тој што подаде рака, бев на состанок кај премиерот да направиме заеднички работни групи, да се спроведе реформската агенда, но досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството. Од 12 што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни и уште пет до нова година, не само што ниту еден не е донесен, туку не е ниту поднесен од страна на Министерството за правда во Собраието. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството. Не може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните, рече Филипче. Според него, „граѓаните веќе го гледаа филмот со партизираното судство кога ВМРО-ДПМНЕ го користеше за закани и како инструмент за политички прогон“. -Репризата на филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување, потенцира лидерот на СДСМ. Одговорајќи на новинарски прашања, Филипче уште еднаш ги отфрли информациите за наводна соработка на СДСМ со ДУИ и Левица. -Тоа се само празни обвинувања кои не се никако издржани. Ние нашите ставови во однос на тоа како се поставивме во однос на првиот круг и како ќе се поставиме во однос на вториот круг од изборите кажавме јасно и гласно - настапуваме автентично, сами, заедно со коалициските партнери во рамки на коалицијата. Ги слушам меѓусебните обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање национализам, од такви празни флоскули, едноставно им е преку глава, имаат секојдневни проблеми пред се во делот на економијата. Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за сериозни теми. Не може веќе да слушаме дали некој е лав или орел, врапче или маче, има сериозни теми: како е поставена локалната самоуправа во пресрет на изборите, како ќе се регулираат даноците,..., треба да се зборува за реформи во здравствениот и образовниот систем, потенцира Филипче. Негова оценка е дека минатогодишната кампања беше лажна, со многу празни ветувања. -Секој ден се повеќе и повеќе граѓаните сфаќаат дека ветувањата беа и лажни и празни. Имаме катастрофална состојба во економијата, трет месец по ред намалување на платите во државата што не се случило во времето на владеење на СДСМ, околу 12 000 форми доцнат со исплата на плати со месеци, меѓу 5 000 и 10 000 фирми не можат да го наплатат ДДВ-то, 6 - 12 месеци дел од нив се и месечни и даночни обврзници. Во наше време имаше поврат на ДДВ истиот ден, а сега има сериозно нарушување на ликвидноста на стопанството зашто доцнат исплатите од државата и општините, имаме дивеење на цените во маркетите и Влада која не сака ништо да направи за тоа. Се ова е доказ дека оваа Влада нема капацитет да се справи со она што се предизвици за граѓаните. Реформската агенда во правосудството што требаше да донесе 80 милиони евра од Планот за раст, не е напишана, нацртана е на хартија како треба да се спроведе. Кога знаете што треба да правите и сте прифатиле одговорност, нема оправдување зошто тоа не е сработено, нагласи Филипче. За изјавата на премиерот дека Македонија е петта во Европа по раст на платите, Филипче напомена дека реалноста е поинаква. - Премиерот може да каже што сака, но реалноста е дека платите трет месец по ред паѓаат. Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави зашто најдобро знаат дали можат да врзат крај со крај во текот на месецот. Навистина не знам зошто Владата не ги користи механизмите што и се на располагање, рече претседателот на СДСМ, Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДецата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неаСпоред студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина. На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината. По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна. Истражувањето продолжува Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци. За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето. Извор: Индекс.хрТагови: ултра-преработена храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЛукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески. „Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: „Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото. Лукаревска отвори прашања за издадената согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи во однос на репутацијата на сопственикот и исполнувањето на законските услови. „Имате издадено согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград на лице кое не поседува репутација, со што се загрозува сигурноста на банката, кршејќи го Законот за банки“, рече Лукаревска. Таа посочи и на постапувањето на Европската централна банка во врска со поврзани лица на сопственикот на Алта банка, наведувајќи дека во август 2024 година биле изречени мерки за одземање на управувачките и гласачките права во Адико банка, како и парични глоби и забелешки за транспарентноста на сопственоста и потеклото на средствата. „Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска. Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. „Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook