Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор - Канал 5

Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти),на панелот „Обликување на Европа заедно:Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона.

Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана.

„Tокму социјалдемократијата е суштинската спротивност на авторитарните режими и прогесривните сили се последната линија на одбрана. Историјата нè учи дека помирувањето со авторитаризмот не го слабее, туку го зајакнува. Тоа им дава простор на екстремните сили да се претстават како умерени и прифатливи“, нагласи Филипче.

Посебен акцент во своето излагање Филипче стави на процесот на проширување на Европската Унија, истакнувајќи дека тој мора да продолжи и дека билатералните прашање не смеат да бидат изговор.

„Проширувањето на ЕУ мора да продолжи. Прогресивците не смеат да дозволат билатерални прашања, кои немаат врска со Копенхашките критериуми, да се користат како изговор за вета и блокади. Секое ново вето или блокада не само што го оштетува процесот на проширување, туку ја поткопува довербата на граѓаните во европските вредности“, истакна Филипче, додавајќи дека критериумите мора да се почитуваат, но не смеат да бидат злоупотребени.

Во освртот на состојбите во Македонија, Филипче посочи дека државата се соочува со застој во европската интеграција поради политиките на актуелната власт.

„Имаме десничарска влада која не го продолжува европскиот пат и користи изговори за да ги блокира неопходните уставни измени“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на засиленото влијание на авторитарни центри во регионот, посочувајќи на поврзаноста со политиките на Виктор Орбан и Александар Вучиќ, како и на ширењето на антиевропска реторика, дезинформации и координирани медиумски кампањи.

Филипче потенцираше дека заедничката акција и соработката меѓу прогресивните сили се клучни за справување со предизвиците.

„Само заедно сме посилни. Ваквите средби се важни за размена на искуства и градење заеднички одговор на предизвиците со кои се соочуваме“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА на Марс откри подрачје прекриено со чудни шестоаголни форми (ФОТО)

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА на Марс откри невидена површина покриена со полигонални шари. 

НАСА на Марс откри подрачје прекриено со чудни шестоаголни форми (ФОТО)

Станува збор за структури кои личат на саќе, а научниците се изненадени од нивната распространетост. Дијаметарот на поединечните полигони е помеѓу пет и десет сантиметри, пишува „Фјутуризам“.

Таканаречените „полигонални пукнатини“ се забележани на Марс и претходно, но никогаш не го покривале пејзажот во таква мера. Роверот наишол на нив додека се искачувал на основата на планината Шарп, висока пет километри, која ја истражува од 2014 година.

„Ова море од полигони навистина нè импресионираше“

Масткамерата на „Кјуриосити“ го фотографирала теренот дел по дел додека роверот бил во долината Вале Гранде на Марс. Направени се вкупно 340 фотографии, кои подоцна биле испратени на Земјата и компјутерски комбинирани во една широка, панорамска слика. НАСА вели дека панорамата е направена на 19 и 20 јуни 2026 година, за време на 4930-тиот и 4931-виот марсовски ден од мисијата.

„Иако видовме многу фасцинантни глетки низ очите на Кјуриосити, ова море од полигони навистина нè импресионираше“, рече Ашвин Васавада, научник на проектот во Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА. „Внимателно ги мериме нивните форми и хемиски состав и се надеваме дека податоците ќе откријат индиции за тоа како се формирале овие структури“, додаде тој.

Полигоналните текстури на Марс обично се пукнатини од кал. Начинот на кој се формирале укажува на геолошката историја на планетата. Формите во облик на саќе можат да се формираат со сушење на водата, што предизвикува збивање на седиментите, или можат да се формираат со екстремни промени во температурата. Со проучување на овие феномени, научниците се надеваат дека ќе можат да откријат како течната вода некогаш ја обликувала површината на Марс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти

Форензичарите денеска започнаа со ископ на локација на северот од Косово, барајќи масовна гробница во која би можеле да бидат пронајдени останките на околу дваесет жртви кои се водат како исчезнати од војната во 1990-тите, објави косовскиот премиер.

На Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти

Околу 13.000 луѓе, вклучувајќи 11.000 косовски Албанци, претежно цивили, беа убиени за време на косовската војна 1998-1999 година, во конфликтот меѓу српските сили и косовските Албанци. Речиси 1.600 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, објави Индекс.

Ископувањето на масовната гробница започна во селото Калудри во општина Зубин Поток на северот од Косово, изјави премиерот Курти. Властите се надеваат дека таму ќе ги пронајдат „останките на група од 23 интелектуалци од Митровица, лекари, професори и активисти за човекови права, кои беа киднапирани и се водат како исчезнати од 19 април 1999 година“, објави Курти на платформата X.

Пребарувањата на локацијата започнаа три дена по апсењето на двајца Срби од Зубина Поток, според обвинителството. Властите, исто така, претходно оваа недела посочија дека на местото на настанот се пронајдени човечки остатоци, без да откријат детали.

Обвинителот Блерим Исуфај денес за медиумите за време на посетата на местото изјави дека во оваа фаза од ископувањето е сè уште „прерано“ да се зборува за резултатите. „Идентификацијата бара време и почитување на строги процедури за пронаоѓање, а потоа и идентификација на секое тело преку ДНК анализа“, рече Исуфај.

Речиси три децении по војната, затегнатите односи меѓу Косово и Србија, која никогаш не ја призна независноста што нејзината поранешна покраина ја прогласи во 2008 година, исто така влијаат на процесот на барање исчезнати лица. Сепак, заедничка комисија од косовски и српски специјалисти се состана за прв пат во Брисел во јануари, повеќе од две години откако беше објавено нејзиното формирање.

Се очекува комисијата да иницира соработка меѓу Белград и Приштина за лоцирање на местата на масовни гробници. Меѓу исчезнатите, 1.100 жртви се косовски Албанци, додека околу 500 се Срби, Роми или припадници на други малцинства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)

Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.

Ерупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)

Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија.

Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер