Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија
1Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија
МакедонијаФилипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачкиСтанува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со членови и граѓани во Свети Николе. „Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со економија која оди во амбис поради погрешните политики на владата,“ рече потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека вистинската слика не се крие зад табели и статистики. „Ги слушам со отчет и бројки за економијата во кои никој не верува. Денес има само неколку факти кои ги рушат сите нивни лаги. За 20% е намалена купвната моќ на граѓаните. Ние сме претпоследна земја по минимална плата во Европа и последна по куповна моќ. Граѓаните ова го знаат и го чувствуваат, се останато што говори Владата е чиста манипулација,“ истакна Филипче. Филипче алармираше и за огромното задолжување кое Владата го прави без никаква транспарентност. „Креираа долг од 7 милијарди евра кои ќе го враќаат нашите деца за сопствени бизнис проекти. Пари позајмени без контрола кои ќе се доделуваат на компании по нивен избор. Се случува грабеж на столетието за кој кога тогаш ќе мора да одговараат,“ рече Филипче. Во изјавата, тој го потенцираше и значењето на директниот контакт со граѓаните и поддршката од членството. „Ми беше чест денес да бидам меѓу граѓаните и членовите во Свети Николе. Одличната енергија и ентузијазам кај нашите членови ми влева надеж дека СДСМ е на вистинскиот пат,“ истакна Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија. Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сторителите. Владата останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи. Влада на РМТагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД и Иран постигнаа мировен договор – во петок ќе биде потпишан во ЖеневаЗатворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САДЗатворање на сите фронтови на 60 дена, вклучувајќи го и оној во Либан и отворање на Ормускиот Теснец, и од Иран и од морската блокада на САД – Вашингот и Техеран, со посредување на Исламабад, постигнаа прелиминарен договор по три и пол месеци да стават крај на војната, кој ќе го официјализираат в петок во Швајцарија. Договорот ќе донесе мир и безбедност во регионот, нешто што многу претседатели на САД се обидоа да го постигнат, но потфрлија, порача претседателот Трамп, кој додаде дека „нафтата повторно ќе почне да тече“. -Лидерите во регионот за прв пад најдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отврањето на Ормускиот Теснец по потпишувањето на договорот во петок, со цел да се отстранат мините, нафтата повторно ќе тече на двата краја од регионот и во светот,- Доналд Трамп. Сепак, најтешките теми се оставени за 60 дена примирије, каде ќе следува нова рунда на преговори за најчувствителните прашања – Иранската нуклеарна програма, санкциите од САД и замрзнатите средства на Техеран. Според САД, договорот е доказ дека Иран е принуден на ограничувања – земјата од Блискиот Исток пак истиот го претставува како дипломатска победа, оти според тамошните власти, Техеран ги зачувал клучните позиции и го приморал Вашингот да седне на маса. -Непријателот беше принуден да побара прекин на огнот и преговори, а сега ние сведочиме на нацрт – договор во кој сите наши позиции, како и важните прашања кои ги сметаме за неопходни, се вметнати. Како и да е, она што беше поврзано со обврските на Иран се спроведуваат и ќе бидат спроведени. Другте одредби од меморандумот за разбиаре ќе произлезат од формалното потпишување на меморандумот во петок,- - Казем Гарибабади – Заменик министер за надворешни работи на Иран. Поголемиот дел од светските лидери, вклучувајќи ги и ОН го поздравија договорот – Потпретседателката на ЕК, Каја Калас кажа дека истиот е добредојден и денеска ќе биде тема на дискусија со министрите за надворешни работи, а ЕУ се нуди да даде своја експертиза во неговата реализација. Бевме во контакт со Иран, но и со партнерите од Заливот, исто така и со нашите американски колеги да понудиме помош, бидејќи имаме експертиза кога станува збор за нуклеарни преговори, на пример. Наспроти ова, Тел Авив со многу „поладен“ став – според нив договорот е недовршен и потенцијално ризичен компромис. Децидно порачаа, не се повлекуваат од Либан и дека го задржуваат правото на самостојна воена акција, но и на жесток одговор доколку Иран повторно посегне да зајакнува нуклеарно – став кој го потврди и амбасадорката на Израел во Македонија, при нејзината посета. Ормускиот теснец кој почна да се отвора, но е се уште далеку од нормализација, веднаш доведе до поместувања на берзите. Нафтата од типот Бренд е со пад од 4% и тримесечен минимум од 84 долари по барел. Пред да започне конфликтот, беше 75 долари.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВелика Британија ги забранува социјалните мрежи за лица под 16 годиниБританскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните мрежи.Стармер истакна дека социјалните мрежи ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој. Стармер објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook