СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
2СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
МакедонијаФилипче: Повторно го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го донесеме заедно законот за КочаниСДСМ ја покажува својата одговорност и човечка солидарност со предлог Законот за помош на настраданите во Кочани.Како што истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, законот е директен одговор на реалните потреби на семејствата на настраданите и повредените во трагедијата. Тој денеска повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ заедно да го изгласаат законот во Собранието. „Дадовме предлог Закон за помош на настраданите во Кочани. Тие луѓе имаат вистинска мака. Луѓето што ги сретнавме во Кочани имаат потреби и тоа воопшто не е лесно“, истакна Филипче. Тој посочи дека трошоците со кои се соочуваат погодените семејства се значителни и вклучуваат медицински третмани, рехабилитација и психолошка поддршка. „Имаат трошоци за лекување, за рехабилитација, потребна им е психолошка поддршка. И ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот. Зошто? Затоа што бил противуставен. Подготвени се да измислат секаков изговор и во ваква ситуација“, рече тој. Филипче потенцира дека во законското решение се опфатени и семејствата погодени од други трагедии, со цел никој да не биде изоставен. „Во законот ги вклучивме и семејствата од другите трагедии. Да не речат дека бегаме од Тетово, Беса транс, Ласкарци. Но, ВМРО-ДПМНЕ не сака да разговара на ниту една тема – сѐ одбиваат. Повторно го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го донесеме заедно законот за Кочани“, изјави претседателот на СДСМ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нова патека и нов ски лифт на МихајловоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, АметиПомина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто - здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка. Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции. Кривичната пријавата е против: -Сашко Клековски – Министер за здравство во Владата на Мицкоски. -Марија Андоновска – Директорка на Институтот за јавно здравје. -Кирил Лазов - Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). -Шпенди Амети, Директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) – Тетово. Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар. Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира. Се задоцни и со прогласување на епидемијата. Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар. Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејства за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава. Одговорност мора да има. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-СтражаТри автомобили и камион натоварен со дрва учествува утрово во сообраќајна несреќа на патот Гостивар - Стража. Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, се судрија денеска на патниот правец Гостивар – Стража, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа предизвика значително отежнување на сообраќајот и создаде долги колони во двата правци. Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силината на ударот, дел од товарот на камионот се растурил по коловозот, дополнително блокирајќи го минувањето на останатите возила на оваа фрекфентна делница. Додека трае расчистувањето на коловозот и преместувањето на оштетените возила, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили во насока кон Кичево и кон Гостивар. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter