Филипче: По 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. 

Станува збор за реконструкција на простор на површина од 420 м2, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување, во вредност од 86.061.823 денари.

Паралелно со активностите за реконструкција и обезбедувањето нова медицинска опрема, во континуитет се врши и надополнување на кадарот и унапредување на експертизата на вработените. Во последните три години во болницата се примени вкупно 46 здравствени работници, од кои 11 доктори, 13 медицински сестри, пет акушерки и останат медицински и немедицински кадар. Исто така, се одобрени пет специјализации, две од областа на анестезиологија и по една за медицинска биохемија, болничка педијатрија и гинекологија и акушерство.

Значајна новина е и почнатата гасификација на котелот за парно греење во оваа јавна здравствена установа. Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје. И во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани.

Рекорден раст на новозаболени во Украина

Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 1.847 случаи на коронавирус, што е рекорден број случаи во еден ден.

Ненадејното зголемување на бројот на заразени лица е забележано во Украина по ублажувањето на мерките, пренесува агенцијата Ројтерс.

Претходниот ден биле регистрирани 1.732 нови случаи.

Вкупно, заразени се скоро 90.000 луѓе, а 2.044 починале.

Бројот на заразените се зголемил од јуни, кога властите олеснаа некои мерки на претпазливост, дозволувајќи им на кафулињата и јавниот превоз да продолжат со работа.

Над 21 милиони заболени со коронавирус во светот, во Бразил над 50.000 нови случаи

Бразил вчера забележа  50.644 нови случаи на коронавирус и 1.060 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство, додека повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот биле заразени.

Така, вкупниот број заразени во Бразил се искачи на 3.275.520, а бројот на починати на 106.523.

Бразил е втора земја според заразени во светот, по Соединетите држави.

Повеќе од 21 милиони луѓе ширум светот се заразени со новиот коронавирус, а 759.411 починале, покажуваат податоците на Ројтерс.

Инфекциите се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии, откако првите случаи се идентификувани во Кина во декември 2019 година.

Пет розови фламинга стигнаа на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.

Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

притисни ентер