Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија - Канал 5

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски.

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

„Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија“, рече Филипче.

Претходно, тој го оспори тврдењето на премиерот дека економските показатели се добри, прашувајќи зошто тоа не го чувствуваат граѓаните.

„Премиере, ако е стварно така како што кажувате, па зошто луѓето не го осеќаат тоа? Ако стварно бројките се така добри, ако стварно добро и домаќински се задолжувате помалку и остварувате поголем раст, зошто нема зголемување на платите? Зошто нема раст на платите во образованието? Зошто нема во социјалната? Зошто нема во здравството?“, праша Филипче.

Тој додаде дека, доколку јавните финансии се толку успешни како што тврди Владата, тогаш треба да има и повисоки примања за работниците.

„Зошто нема минимална плата од 600 евра, ако така добро ги терате и ги водите финансиите?“, рече Филипче.

Реалноста е сосема поинаква од изјавите на Мицкоски кој ги лаже граѓаните.

„Вистината е дека тоа што го говорите не е вистина. Тоа е суштината. Дека сме презадолжени, дека парите одат за партиски тендери и дека граѓаните немаат никаков бенефит од тоа како ја водите економијата во државата“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на, како што рече, последиците од актуелните политики врз европската перспектива на државата.

„Со вас, Христијан Мицкоски, ние сме на губитничката страна на историјата и ќе останеме заглавени... ќе бидеме слепо црево како што сме сега во Европа и во светот, изложени на странски влијанија на трети земји и ќе биде под ризик и иднината на земјата и иднината на младите коишто живеат тука“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Мртви риби во водите на Треска – сцена што предизвика загриженост и го вклучи алармот кај риболовците.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Од Спортско-риболовното здружение „Хантер Фиш“ за Канал 5 велат дека поморот е забележан кај селото Староец, каде што е констатирано угинување на поголемо количество риба. За случајот, велат, веќе се известени сите надлежни институции.

Од здружението велат дека на местото биле затекнати голем број угинати риби, меѓу кои и македонска пастрмка – вид по кој е препознатлива реката Треска.

Според нив, состојбата на терен јасно укажува дека дефинитивно има загадување на водата, а за да се утврди причината, стручно лице од областа на сточарството и рибарството веќе земало примероци од водата за анализа.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека ја следат состојбата. Директорката за Канал 5 потврди дека нивни инспектори веќе излегле на терен, а сега се очекува извештајот кој треба да даде повеќе информации за состојбата и што довело до поморот на рибите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

На 30-ти септември еврокомесарката Марта Кос ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, а веднаш потоа претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на регионот и Македонија, најави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој е оптимист дека нејзината посета ќе помогне да се откочи процесот за македонските евроинтеграции. Повеќе детали околу можните решенија не откри, но кажа дека макотрпно се работи за отворање на пристапните преговори во ЕУ.

-Како што беше напоменато од многумина изминативе месеци, работиме на тоа многу посветено. Јас се надевам дека наскоро ќе имаме регионалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан за две до три недели и се надевам дека оваа посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор во однос на отворањето на пристапните преговори за државата.... Дали имате некои информации за уставни измени со одложено дејство со цел да се одблокира процесот? - Не можам да споделам детали во јавноста, но работиме макотрпно уште откако дојдов во земјава, изјави Рокас.

Во меѓувреме берлинскиот портал „Table media “ објави дека имале увид во предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ. Според нацртот, по приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата. Дел од реформата се и дополнителни механизми за заштита што би се применувале за новите членки на ЕУ кои покажуваат сериозно назадување. Во нацрт-законот за реформи, се предвидува можност ЕК да предложи новата членка на ЕУ привремено да биде суспендирана од донесување одлуки во Европскиот совет и Советот на ЕУ, односно конкретно е наведено дека правото на глас ќе биде одземено, пишува „Table media “.

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите.

Но, за Македонија воопшто да ги почне преговорите, услов остануваат уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот. Во однос на ова, ставот на македонската Влада е дека тие ќе се направат само доколку има предвидливост во процесот без можност за нови билатерлани блокади, и доколку Бугарија ги спроведе пресудите од судот во Стразбур со кои на Македонците таму ќе им се овозможи здружување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор

Одбраната на Дејан Јованов Деко,  првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави дека оваа недела ќе поднесе гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, бидејќи на 3 октомври му истекува едногодишниот притвор.&n

Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор

Адвокатката Ивана Коцевска на денешното рочиште побара дозвола од Судот нотар да го посети Јованов во притвор за да се завери изјава за согласност за оптоварување на имотот што ќе биде понуден како гаранција.

– Заради поголема сигурност и на судот и на јавноста дека ќе биде обезбеден во понатамошниот тек на оваа постапка одбраната спрема да предложи гаранција со која што ќе се даде поголема сигурност, и самото тоа да не се дозволи, бидејќи јас навистина добивам впечаток дека тој притисок да се најде било што за притворот да се продолжи...Тука притворот по сила на законот не може да продолжи, тука одбраната не е виновна за тоа, така предвидува законот,-изјави Ивана Коцевска, адвокат на првообвинетиот Дејан Јовановски.

Рочиштето во Идризово продолжи со испрашување на градежните вештаци, а во меѓувреме денеска поради неприсуство на сведоците се одложи судскиот процес против полициски службениците за пожарот во Пулс. Родителите на жртвите и денеска изразија незадоволство од новото одложување на ова рочиште и порачаа дека од среда повторно ќе продолжат протестите на кои ќе бараат правда за нивните најблиски.

–Немаше ниту еден сведок, рочиштето се одложи, ние му препорачуваме на судот и покрај тоа што не се дојдени сведоците уредно да ги поканат, да ги повикат, да контактираат со сведоците, зошто не се дојдени, да ги известат, затоа што ние губиме време, губиме живци. (до 44 сек) (од 3.43) – Во среда ќе имаме и марш, во среда е и одина и пол од убиството, не е смрт, тоа е убиство на нашите деца и ќе организираме марш и ги замолувам сите граѓани на град Кочани поготово, па и пошироко, доколку се во можност да дојдат да ни дадат поддршка за ова никогаш повеќе да не се повтори во оваа држава,-изјави Драги Стојанов, татко на починатиот Тончи Стојанов.

Освен правна разврска, по 18 месеци од трагедијата во Собранието се уште не е формирана ниту Анкетната комисија која треба да утврдува евентулни пропусти кај инситуциите. Пробелмот е што партиите се уште немаат делегирано членови. Досега едиснтвено заседаваше Постојаната комисија за човекови права, но и таа заврши без никакви заклучоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер