Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаФилипче од Загреб: Социјалдемократијата е последниот бедем против неофашизмот во ЕвропаСоцијалдемократијата била и ќе биде вистинската алтернатива на радикалната десница,последниот бедем на слободата, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.Социјалдемократијата била и ќе биде вистинската алтернатива на радикалната десница,последниот бедем на слободата, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска, во Загреб. Филипче во обраќањето на Конгресот, предупреди на опасноста од подемот на радикалната десница и неофашизмот во Европа. „Нема да претераме доколку констатираме дека живееме во време на повампирен неофашизам. Антифашизмот е нашиот темел и ние секогаш, а особено во ваквите кризни времиња треба да бидеме бедемот на слободата“, рече Филипче. Во обраќањето, тој посочи дека неофашизмот денес повторно ја покажува својата вистинска природа. „Ова е време кога паѓаат маските зад кои со години се криеја дел од десничарските политички структури. Опседнатоста со наводната борба со левицата всушност е напад кон демократијата, кон хуманизмот и солидарноста и кон економската и социјалната правда. Денеска како и во минатото нивниот главен непријател се социјалдемократските и прогресивните политички сили, а тоа потврдува дека единствено социјалдемократијата била и ќе биде вистинската алтернатива на радикалната десница“, нагласи Филипче. На Конгресот, Филипче се осврна и на состојбите во Македонија, предупредувајќи на засилени авторитарни тенденции. Филипче посочи дека лажниот патриотизам на власта во Македонија служи како параван за заштита на криминалните и клиентелистички мрежи. „Лажниот патриотизам на нашиот премиер и влада е само параван зад кој се крие заштитата на криминалните и клиентелистички мрежи, проследено со интензивен притисок врз правосудниот систем“, рече Филипче, додавајќи дека Македонија е закочена на патот кон Европската Унија поради политиките на актуелната власт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка Серија паузи и тензии на денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието.На обвинувањата од опозицијата дека дека актуелната влада дозволила сомнителен капитал од АЛТА банка да влезе во домашната банка, премиерот Мицкоски објави записник од седница на екс владата на СДСМ во 2023 според кој биле дадени насоки на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура. Филипче експресно дематнира. Во Собранието е Михајло Видимлиски.. Михајло до каде е надзорната расправа и кои се клуичните пораки од надзорната расправа? Денеска премиерот одржа брифинг со новинарите на кој соопшти дека Народна банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за ширење паника во случајот со АЛТА банка. Кои се деталите, и има ли одговор од обвинителството? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34