МакедонијаФилипче: Очигледно нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусотОчигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.Министерот Филипче кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев беше во посета на реконструираната општа болница во Гевгелија, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите. – Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги пратиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата, вели Филипче. Според него едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза на вакцини. Во зависност од моменталната состојба, вели тој, ќе разговараат за евентуални рестриктивни мерки прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. – Затоа што нема потреба да им создаваме дополнителен ризик на луѓето кои се вакцинирани, знаејќи дека тоа е единствениот начин ние нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад. Очигледно е дека кризата продолжува. Може да трае и повеќе години. Така да, ставаме акцент на вакцинацијата. Верувам дека нема да спласне интересот кај граѓаните, минатата недела неколку денови по ред бевме едни од лидерите во регионот по број на дадени вакцини на 100 жители што е добар знак, рече Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: „Се согласија“Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран „се согласил“ никогаш да нема нуклеарно оружје.„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“. Како што додаде, цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација. Трамп претходно во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе му оневозможи на Иран да добие нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормутскиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај. Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСмртта демне на Монблан: Тројца мртви за само неколку часаТри лица загинаа вчера во две лавини во областа Монблан на Алпите, соопштија спасувачките служби.Во соопштението се вели дека планинарите, маж и жена, загинале кога врз нив паднала карпа од гребенот Куфнер на Монблан на границата меѓу Франција и Италија, објави „Ле Фигаро“. На глечерот Бренва на италијанската страна од Монблан, локален скијач починал откако врз него падна парче снег. Француски и италијански спасувачи учествувале во операцијата за пребарување. Извор: Б92Тагови: Монблан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени.Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата. Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и работи за подобар животен стандард, Филипче и СДС единствено нудат политики на капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди. Наместо да се борат за Македонија, во СДС се натпреваруваат кој побрзо ќе прифати нови условувања и отстапки. На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против такви чекори под диктат и притисок однадвор. Секој јавен настап на Филипче и СДС се потсетник зошто СДС ја изгуби довербата кај народот и зошто продолжува да тоне. Во Македонија заврши времето на капитулации и политичари кои клечат пред туѓи барања. Македонија има потреба од лидери кои стојат исправено, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење. Граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter