Филипче: Нема начелно зголемување на бројот на заболени од морбили, а расте бројот на вакцинирани - Канал 5

Филипче: Нема начелно зголемување на бројот на заболени од морбили, а расте бројот на вакцинирани

Упативме апел и до другите инфективни одделенија каде има места, да бидат подготвени и да ги хоспитализираат тие пациенти.

Филипче: Нема начелно зголемување на бројот на заболени од морбили, а расте бројот на вакцинирани

Секојдневно има пет шест новозаболени од морбили, дел од нив се пуштаат на домашно лекување, а дел се задржуваат на лекување во Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес.

– Упативме апел и до другите инфективни одделенија каде има места, да бидат подготвени и да ги хоспитализираат тие пациенти. Воедно за тоа разговаравме и со директорот на Велешката општа болница. Нема начелно зголемување на бројот на случаи. Се уште расте бројот на вакцинираните деца и возрасни што е за поздравување и искрено се надевам дека оваа тенденција и понатаму ќе продолжи за епидемијата да заврши во што е можно пократко време, потенцира министерот Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска

На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија - за граѓаните македонски планини и езера

Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел.

СДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија - за граѓаните македонски планини и езера

На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија.

На границите - гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана.

Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ.

Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско.

Тогаш не може да се заканува на неистомислениците.

Не може да се ослободуваат криминалци како Латас и Груевски.

Не може да се враќа имот стекнат преку криминал - како Белата палата.

Мицкоски не го боли главата.

Цела ВМРО-ОКГ си обезбеди бугарски државјанства и ЕУ пасоши, за себе и за своите семејства.

Тие не чекаат на граница.

Тие поминуваат преку посебен ЕУ премин.

Имаат и фирми во ЕУ, во Бугарија.

Мицкоски, бидејќи го болат колената од клечење уште од кампањата кога ветуваше сè и сешто и молеше за власт, лета со државниот авион.

Тој воопшто не ги чувствува проблемите на Македонија како слепо црево на Балканот и во Европа.

Додека на граѓаните им порачува езера и планини, тие одат на луксузни дестинации.

Белгија е една од поскапите земји во ЕУ, но тоа не е проблем. Мицкоски и неговите тендер-патриоти можат да си го дозволат тоа.

Кога може само за часовник од колекцијата да даде 65.000 евра, зошто не би можел и една „екскурзија“?

А ти, народе македонски, гледај во празниот фрижидер и крпи крај со крај.

Мицкоски е повторно – горд.

Скопје, 01.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампион

Актуелниот италијански шампион Интер договори големо ново засилување за одбраната – аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кој доаѓа од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нероаѕурите“.

Интер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампион

Според информациите на аргентинскиот ESPN, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Процесот се забрзал по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, и раководството на лондонскиот клуб.

Тотенхем првично бараше повисоко обесштетување за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот сепак најдоа заеднички јазик.

На тој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде што претходно се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, настапувајќи за Џенова, Јувентус и Аталанта.

Одличниот Ромеро инаку со Аргентина ја освои светската титула во Катар во 2022 година.

Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да поврати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Италија.

Со доаѓањето на Ромеро, Интер дополнително ќе ја засили одбранбената линија. Аргентинецот му се придружува на Џон Стоунс, кој неодамна пристигна од Манчестер Сити, а со овој потег клубот од Милано испраќа јасна порака дека сака да ја задржи доминацијата во Италија и да биде конкурентен во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер