Филипче: На Инфективната клиника примени девет заболени, од 59 вкупно 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се на механичка вентилација (Видео)

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

На Клиниката за инфективни болести се примени девет нови заболени од коронавирус, со што вкупниот број хоспитализирани е 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти на кои им се направени два контролни тестови кои се негативни, тие се во добра здравствена состојба и ќе се упатат на домашно лекување. Од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, појасни, на 11 од денеска, па во следните денови се земаат контролни брисеви и тие се во добра здравствена состојба.

– За жал имаме смртен случај на 65-годишна пациентка заболена од коронавирусот со претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата и тоа во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, рече Филипче.

Вкупниот број тестирања досега извршени во земјава се 3.775.

Потенцира дека сите пациенти од Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се испишани, се упатени на домашно лекување, а таму каде е поставена индикација амбулантски ќе се вршат третмани во ГОБ „8 Септември".

Во врска со Охридската болница, посочи дека таму е завршен увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изречени се казни на поранешната директорка, на доктори специјалисти од Одделот за инфектологија, како и на самата институција, а во периодот кој следи ќе се направи стручен увид од Лекарската комора, по што за случајот ќе заседава и Етичката комисија при Лекарската комора.

– Има 80-годишна пациентка од Штип која била таму примена првпат на 26 март, првиот брис е негативен, тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Таа се лекувала на Одделението за инфективни болести, има влошување на состојбата и на 30-ти повторно е упатена на Инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимптоматски, направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат од други одделенија во болницата во Штип на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација, рече Филипче.

Тој истакна дека заболена од коронавирус е една медицинска сестра од Куманово која патува и е на работно место на Клиниката за пулмологија.

– Минатата недела била во резервниот тим во добра општа состојба без никакви симптоми дошла на работа во понеделникот, вчера почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис и е позитивна на коронавирусот. Таа за време на работниот процес овие два дена додека била на Клининиката била со целосна заштитна опрема, со маска и ракавици. Направени се интервјуа со нејзините колеги, медицинските сестри по што ќе се постапи согласно податоците, рече Филипче.

Додаде дека починатата жена од Лабуништа во болницата во Струга на која и е земен посмртен брис е позитивна на коронавирусот, а се уште се чека резултатот кој ќе биде готов во текот на денот на пациентот од Битола. /МИА

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Стотици бомби од Втората светска војна се пронајдени на аеродром во Атина,избегната е трагедија

Стотици бомби од Втората светска војна се откриени при работа на местото на поранешниот аеродром Хелиникон во Атина.

Градоначалникот на регионот Елинико-Аргируполи, Јанис Константатос, изјави дека 314 бомби, кои биле складирани од германски војници за време на Втората светска војна, биле уништени во контролирани експлозии.

Тој наведе дека бомбите се наоѓаат два метри под поранешните објекти на Понтичка лига, градинка и спортски објекти во внатрешноста на поранешниот аеродром, како и соседните објекти за Олимписките игри, односно на места каде секојдневно поминувале илјадници луѓе, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според него, бомбите биле пропуштени при реконструкцијата на стариот аеродром во Атина.

Аеродромот Елинико се наоѓа на само неколку километри од центарот на Атина, работеше до 2001 година, а беше затворен по изградбата на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос (АТХ) за Олимписките игри во 2004 година.

На местото на поранешниот аеродром е предвидена изградба на станбен комплекс, комплекс за забава, казино, хотел и парк, како и облакодер висок речиси 200 метри.

притисни ентер