Филипче: Можно одделување на администрацијата во здравството од останатата администрација

Администрацијата која работи во рамките на јавните здравствени установи не можеме да ја одделиме од останатата администрација која работи во останатите сектори. 

Тоа беше единствена причина зошто зголемувањето на платите во здравството кое го направивме на почетокот на оваа година, важеше за сите освен за административците. Тие зголемувањето од пет проценти го добија од септември, како и администрацијата во секој друг сектор. Имавме повеќе средби по зголемувањето на платите во јануари со цел да видиме дали заради спецификата на работата администрацијата која работи во здравствениот сектор може некако да се оддели од останатата администрација.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во однос на административниот технички персонал имале разговори со претставниците на двата синдикати.

– Ќе следат разговори не само во рамките на нашиот сектор, туку и со претставници на Министерството за информатичко општество и администрација да видиме дали можеме да го направиме тоа, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за реакцијата на административно техничкиот персонал, кој бара зголемување на платите, по најавеното зголемување на платите на здравствениот персонал./МИА

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер