Филипче: Мицкоски не сака реформи туку судство по своја мерка - Канал 5

Филипче: Мицкоски не сака реформи туку судство по своја мерка

Филипче нагласи дека е недозволиво и недемократски да се користи гневот на граѓаните за да се присвои судството како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ. 

Филипче: Мицкоски не сака реформи туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса, ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. Се поставува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ сака тоа да го направи, ставањето на партиска капка на судството, за да заштити некои свои неправилности и криминали во работењето, а ние секој ден откриваме и ќе откриваме во следниот период се повеќе и повќе и скандали“, рече Филипче.

При тоа, Филипче нагласи дека е недозволиво и недемократски да се користи гневот на граѓаните за да се присвои судството како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ.

„Ние сме го виделе ова сценарио, сите знаеме како завршува и како функционира судството кога ВМРО ДПМНЕ ќе го стави под свое. Вистинските промени можат да се случат само доколку се случат вистински реформи, а не со притисоци и закани“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче ја повика власта да се вразумат и да пристапат кон вистински реформи на судството преку спроведување на законите од Реформската агенда кои се однесуваат на правосудниот систем.

YouTube video

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Џонатан Та нов член на Баерн Минхен

Баерн Минхен денес договори големо засилување, откако Џонатан Та дефинитивно ќе стане нов член на Баварците.

Џонатан Та нов член на Баерн Минхен

Цврстиот германски дефанзивец ќе потпише за Баерн како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на крајот од сезоната, а информацијата за договорот меѓу Та и Баерн ја пренесе доверливиот инсајдер Санти Ауна.

Ауна објави дека Баерн го зема Та пред носот на Барселона. Германскиот репрезентативец имал договор со Каталонците уште од зимата да стане член на Барселона откако ќе му истече договорот со Леверкузен.

Та (29) се согласил да потпише тригодишен договор со Баерн, кој ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување за уште една година. Германецот ќе заработува 12 милиони евра годишно.

Што се однесува до Барселона, со која Та претходно имал договор, Ауна вели дека договорот пропаднал поради финансиски проблеми што продолжуваат да го мачат клубот од „Камп Ноу“.

Пред Леверкузен, Та играше и за ХСВ и Фортуна Дизелдорф. Тој има 35 настапи за германската репрезентација./МИА

Стенергард: Шведска се залага за ЕУ санкции против неколку израелски министри

Шведска е за европски санкции против „одредени израелски министри“ доколку нема подобрување на ситуацијата во Појасот Газа, изјави денеска шефицата на дипломатијата Марија Малмер Стенергард.

Стенергард: Шведска се залага за ЕУ санкции против неколку израелски министри

„Шведска е пријател на Израел, но сега мораме уште повеќе да го кренеме гласот. Ќе се залагаме за европски санкции против одредени израелски министри кои ја поддржуваат политиката на нелегални населби и активно се спротивставуваат на идното решение за две држави“, напиша таа во порака, пренесоа француските медиуми.

Според Стенегард, Европската Унија треба да го разгледа списокот на министри против кои би биле воведени санкции.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска имаат средба во Брисел.

„Со голема сериозност го набљудуваме начинот на кој израелската Влада продолжува да ја влошува ситуацијата, и со своите изјави и со своите постапки“, рече шведската министерка.

Таа додаде дека Шведска веќе неколку пати побарала од израелската Влада да овозможи подобар хуманитарен пристап за населението во Газа.

Марија Малмер Стенергард вчера го осуди планот на Израел да ја преземе контролата врз целиот Појас Газа, велејќи дека тоа е спротивно на меѓународното право./МИА

Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

Движењето за признавање на државата Палестина, како што го замислуваат Франција, Велика Британија и Канада, „нема да биде суспендирано“, изјави денеска францускиот премиер Франсоа Бајру.

Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

-За првпат, три големи земји, Велика Британија, Франција и Канада, заедно одлучија дека ќе се спротивстават на тоа што се случува во Појасот Газа и дека заеднички ќе ја признаат државата Палестина. И тоа движење што започна нема да биде запрено“ рече Бајру во францускиот Парламент за време на седницата за пратенички прашања, пренесен од француските медиуми.

Француските, британските и канадските лидери Емануел Макрон, Кир Стармер и Марк Карни вчера предупредија дека „нема да стојат настрана“ пред „скандалозните постапки“ на израелската Влада во Појасот Газа, заканувајќи се со „конкретни мерки“ ако тој премиерот Бенјамин Нетанјаху не ја запре воената офанзива и не ја деблокира хуманитарната помош.

-Таа осуда и повторените предупредувања се апсолутно јасни и нè обврзуваат. Но, никогаш не смееме да заборавиме дека оваа ситуација со трагедијата што ја предизвика имаше поводник. А поводникот е палестинското движење Хамас, кое го нападна Израел на 7 октомври (2023 година, додаде Бајру, кој се залага за решение со две држави.

Според него, ситуацијата во Појасот Газа е хумано и хуманитарно неприфатлива.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денеска за радио „Франс Интер“ изјави дека Париз е решен да ја признае државата Палестина и додаде дека тоа е „во интерес на Палестинците, но и за безбедноста на Израел“.

Се очекува признавањето на Палестина да биде објавено на меѓународна конференција под претседателство на Франција и Саудиска Арабија.

Целта на таа конференција од 17 до 20 јуни е повторно да се започне мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт, односно решение за две држави. /МИА

притисни ентер