Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата - Канал 5

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Филипче оцени дека за неполна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја довела државата во состојба на целосна негрижа и неспособност:

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

Филипче оцени дека за неполна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја довела државата во состојба на целосна негрижа и неспособност:

„Ваков дебакл на власта, вакви неуспешни политики, ваква негрижа за иднината на земјата и граѓаните, Македонија едноставно не памети. Сè што можеме да видиме од оваа власт е само една пропаганда и еден ПР со којшто сакаат своите неуспешни политики да ги прикажат како успех. Меѓутоа, нашиот народ е мудар и тоа многу добро знае да го препознае,“ рече Филипче.

Тој посочи дека Владата не направила ништо за подобрување на животниот стандард на граѓаните:

„Не направи ништо да вложи во раст на платите на граѓаните. Кога можеше нашата влада, и во економска, и во ковид, и во енергетска криза да обезбеди раст на минималната и просечната плата, сега – кога кризи нема – оваа влада не прави ништо.“ -рече тој.

Филипче предупреди и за целосна пасивност во справувањето со ценовниот шок:

„Цените во маркетите дивеат, а тоа е благодарение на тоа што владата шурува и договара со големите газди на компаниите. И точно е – ги интересира само нивниот личен профит. Се фали премиерот – не знаеме дали да плачеме или да се смееме – дека сме биле четврта економија во Европа. Прикажува бројки кои не се точни“ - истакна Филипче.

Филипче остро ја критикуваше и непродуктивната задолженост на Владата:

„Како никогаш досега, кумулативно сме се задолжиле осум милијарди евра. Тоа е безобразно, крајно недомаќинско работење на владата и уште еден доказ дека не ги интересира ништо, освен однапред договорениот профит со компаниите што работат преку заобиколување на законот за јавни набавки. Имаме крајно недомаќинска и неодговорна власт,“ заклучи Филипче.

СДСМ

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Саниран е Музејот на вода во заливот на коските кај градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Како што беше истакнато денеска, станува збор за обемен градежен зафат за целосна реставрација на локалитетот, што е еден од најдоходовните објекти од тој вид во Охрид и земјата.

YouTube video

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.

Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот истакна дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.

„Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Само два пожари се активни во моментов, според извештајот на Центарот за управување со кризи до 13 часот.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Евидентирани биле вкупно шест, од кои четири жаришта се под контрола.

YouTube video

притисни ентер