Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
2Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
МакедонијаФилипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.„Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани граѓаните“, рече Филипче. Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови. „Во време кога илјадници граѓани во Гостивар беа затруени од загадена вода, кога и во Струмичкиот регион има места со неисправна вода, кој може да гарантира дека токсични материи, како антимонот, утре нема да завршат во водата? Такви одлуки не смеат да се носат зад грбот на граѓаните“, рече Филипче. По целосниот дебакл на економските политики, Мицкоски нема право спасот да го бара во распродажба на природните ресурси, додаде претседателот на СДСМ. „Тоа што во моментов ја води Владата не значи дека може да располага со националните богатства како да се негова приватна сопственост. Како што водата ја ветил за изградба на дата-центри, така сега сака да ги распродава земјата и рудите за да ги покрие своите лоши економски политики“, истакна Филипче. Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации: кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места. „Ние не сме против технолошкиот развој на државата. Ние сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт да се остваруваат на штета на граѓаните. Водата од Вардар, земјата и рудите им припаѓаат на сите граѓани, а не на приватни компании и луѓе блиски до Мицкоски“, рече Филипче. „Македонија не е на продажба. Граѓаните мора да одлучат дали ќе има рудници во близина на местата каде што живеат. Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство. Филипче посочи дека националните богатства не се приватна сопственост на премиерот и дека за вакви прашања мора да се слушне гласот на граѓаните. „Премиерот Христијан Мицкоски најавува распродавање на земјата. Вчера го слушам, кажува како ние сме биле богати со руда, надевајќи се дека ќе привлече инвеститори кои што тука ќе градат рудници. Сакам јасно и гласно да му порачам - не смее да ги распродава националните богатства. Прво, за рудници треба да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Тој додаде дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата. „Треба граѓаните во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници.Сега кога имаме случај на загадување на водата, сега кога после толку месеци и пет илјади отруени луѓе во Гостивар кои што пиеја вода загадена со фекалии, сè уште немаме податок дали водата е чиста на хартија. Да се види тоа, сега кога секојдневно се отвораат сега и во струмичкиот регион, неколку места во кои што водата не е исправна, дали е потребен дополнителен ризик од загадување со екстремно токсични материи, како што е антимонот, и кој би гарантирал тој процес, дека ќе биде безбеден, и дека утре антимон нема да се најде во водата, ако се отворат такви рудници, без да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси. „Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост. Тоа што тој во моментов ја води владата, не значи дека треба да располага со националните богатства на земјата за да се спаси во делот на лошите економски политики. Така како што очигледно дека ги има ветено водите за изградба на дата центри, така сега сака да ја распродаде и земјата. Јасно и гласно кажуваме - граѓаните треба да одлучат на референдум дали ќе има или ќе нема рудници близу до местата каде што живеат“, рече Филипче. Скопје, 18.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЗдравјеКако да ѝ се помогне на личност која тагува? Еве што да се каже, а што да се избегнуваЗагубата на драга личност или нешто што го сакаме, е универзално човечко искуство, постојат начини како на овие лица да им помогнете да се носат со емоциите и секојдневните обврски. Што е тагата? Тагата најчесто се дефинира како душевна болка што се јавува после загуба, особено после смрт на саканата личност. Таа е исклучително сложена и влијае на когнитивните функции, социјалниот живот, однесувањето и духовноста. Една од најпознатите теории за тагата е петте фази на тагата на Елизабет Киблер-Рос (негирање, гнев, внатрешни преговори, депресија и прифаќање), која првично се темели на искуствата на луѓето кои умирале, а не оние кои загубиле блиска личност. Понатаму, овој модел не бил замислен како линеарен процес низ кој секој мора да помине по истиот редослед. Иако гореспоменатите емоции можат да бидат дел од процесот на тагување, исто така е вообичаено да се јави: вкочанетост, исцрпеност, повлекување, раздразливост и нарушувања на сонот. Многу експерти денес го сметаат за корисен моделот на Џ. Вилијам Ворден кој наведува четири задачи за лицето што тагува: прифаќање на реалноста на загубата, преработка на болката, прилагодување на светот без починатиот и пронаоѓање начин да се зачува споменот на личноста, додека истовремено продолжувате со сопствениот живот. Овие задачи не се одвиваат секогаш по предвидениот редослед. Тагувањето често се опишува како бран – по период на смиреност, тој може ненадејно да надојде и да ве исфрли од рамнотежа. Иако е неизбежно, тагувањето исто така што води кон изолација, бидејќи секој поединец минува низ него на свој, уникатен начин. Врз овој процес влијаат односот што лицето го имало со починатиот, културолошката позадина и стилот на приврзаност. Како да му пружите поддршка на некој што тагува Бидете присутни и слушајте. Избегнувањето на луѓето што тагуваат поради непријатност често боли повеќе отколку која било неспретна забелешка. Поставувајте благи, отворени прашања за тоа како се чувствуваат или дали би сакале да споделат некој спомен за блиската личност. Не прекинувајте ги и не нудете решенија, туку признајте ја нивната болка: „Многу ми е жал“ или „Тука сум за тебе“. Понекогаш, доволно е само да седите во тишина, бидејќи тагата исцрпува, па оние што тагуваат често немаат енергија за разговор. Понудете конкретна помош. Наместо нејасни фрази како „Јави се ако ти треба нешто“, понудете нешто конкретно. Прашајте дали можете да го прошетате нивното куче, да завршите некои обврски, да донесете оброк или да ги чувате децата. Загубата носи бројни обврски за кои човекот можеби нема енергија, па затоа практичната, конкретна помош е од непроценливо значење. Бидете искрени и користете го името на починатото лице. Сосема е во ред да признаете дека не знаете што да кажете. Реченица како: „Не знам што да кажам, но тука сум да те ислушам“, покажува искрена поддршка. Не плашете се да го изговорите името на починатиот. Лицето што тагува веројатно постојано размислува за него, а спомнувањето на името покажува дека личноста не е заборавена. Ако имате некој убав спомен, слободно споделете го. Продолжете да се јавувате или да контактирате и по првите неколку недели. Поддршката од околината често се намалува еден или два месеца по смртта – период кога борбата може да стане уште потешка. Потрудете се редовно да проверувате како се. Водете сметка за важните датуми, како што се родендени или годишнини, и испратете порака. Тоа е знак дека мислите на нив и дека починатото лице не е заборавено. Обрнете внимание на знаци кои може да укажуваат на проблем. Тагувањето, само по себе, не е ментално заболување; Сепак, понекогаш тоа може да прерасне во нарушување на долготрајна тага, што го спречува лицето да функционира во секојдневниот живот. Знаците вклучуваат постојана вкочанетост, интензивна осаменост или чувство на бесмисленост, кои траат подолго од една година (или шест месеци кај децата). Во такви ситуации, нежно поттикнете го лицето да побара помош од психолог или терапевт. Што не треба да кажувате или правите Избегнувајте клишеа и духовни фрази. Изразите како „Сега е на подобро место“ или „Сè се случува со некаква причина“ ретко помагаат, и често предизвикуваат гнев. Лицето што тагува сака неговиот близок да биде тука, со него. Истото важи и за духовните забелешки; не претпоставувајте ништо за нечии верски убедувања, бидејќи загубата може да ја разниша дури и најцврстата вера. Не нудете нејасна помош и погрижете се да го исполните она што сте го ветиле. Реченицата „Кажи ми ако ти треба нешто“ го префрла товарот врз лицето што тагува – кое можеби нема доволно сила дури ни да сфати што му е потребно. Наместо тоа, понудете конкретна помош. Ако ја прифатат вашата понуда, погрижете се навистина да ја реализирате. Доверливоста е клучна во таквите моменти. Не правете споредби и не поставувајте временски ограничувања. Избегнувајте да кажете: „Знам како се чувствуваш“. Дури и ако сте доживеале слична загуба, секој тагува на свој начин. Фокусот мора да остане на нивното искуство, а не на вашето. Понатаму, не одредувајте временска рамка за закрепнување. Тагувањето не е линеарен процес и нема „рок на траење“. Дозволете простор за сите чувства и не сфаќајте ги реакциите лично. На лицето што тагува треба да му се дозволи да почувствува сè – од тага и болка, до гнев, па дури и олеснување. Не ги оценувајте нивните емоции како несоодветни. Вашите обиди да помогнете може да наидат на молк или гнев, што, најверојатно, нема никаква врска со вас. Бидете трпеливи; иако не постојат „совршени“ зборови, постојаното присуство ја прави загубата поподнослива. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотШто се крие зад цената во маркетите? Неочекуван сојузник кој може да помогне во намалување на ценитеПред производот да заврши во нашата кошничка, зад него стои цел систем на трошоци кои купувачот ретко, или воопшто не ги забележува. Производот треба да се транспортира до продавницата, да се складира, да се изложи на полица и да се чува во услови соодветни за негово зачувување сè до моментот на продажба. Тука се и вработените, логистиката, одржувањето на објектот, греењето и климатизацијата, осветлувањето, како и низата опрема без која еден современ супермаркет едноставно не би можел да функционира. На крајот, сето ова влијае врз оперативните трошоци. Фрижидерите во кои се чуваат млечните производи, месото или замрзнатата храна не престануваат да работат ниту откако продавницата ќе се затвори. Во текот на денот, исто така, во функција се и осветлувањето, печките, климатизацијата и разна друга опрема. Поради ова, во последните години, трговците сè повеќе бараат начин да ја намалат потрошувачката на електрична енергија од мрежата и дел од неа сами ја произведуваат. Едно од решенијата може да се најде, буквално, над главите на купувачите. Дел од потребната енергија се произведува на покривот. Многу маркети вложуваат во соларни панели, па електричната енергија произведена на покривите се користи за напојување, меѓу другото, на фрижидерите, печките и осветлувањето. Ова значи помала зависност од надворешното снабдување со електрична енергија и пониски оперативни трошоци, а истовремено се намалува и влијанието од штетата при работење врз животната средина. Но, дали поевтината енергија автоматски значи и поевтин производ? Работите не се толку едноставни. Не може да се каже дека еден соларен панел автоматски ќе ја намали цената на производот на полицата. Цените зависат од многу фактори, од набавка и транспорт, па сè до трошоците за суровини и другите расходи при работата. Сепак, кога трговецот ќе успее да намали дел од овие трошоци, на пример, преку намалување на потрошувачката на електрична енергија од мрежата, се создава простор цените за купувачите да се одржат што е можно пониски. Принципот е сосема јасен: колку подобро трговецот ги контролира сопствените трошоци, толку поголема флексибилност има во одржување на деловниот модел заснован на ниски цени. Токму затоа, енергетската ефикасност опфаќа многу повеќе од прашањето за екологијата. За еден трговски ланец, кој секојдневно мора да лади илјадници производи, да ги осветлува продавниците и да напојува бројна опрема, производството на сопствена електрична енергија може да биде конкретен начин за намалување на тековните трошоци. Некои заштеди купувачот никогаш не ги гледа. Кога размислуваме зошто некој производ е поевтин или поскап, обично се фокусираме на она што ни е пред очи: цената на полицата, некоја специјална понуда или големината на пакувањето. Сепак, дел од напорите во одржување на пониските цени се одвиваат далеку од очите на купувачите. Во магацините, во логистиката, во секојдневното работење на продавниците, во потрошувачката на енергија, па дури и горе на покривот. Соларните панели се само еден пример за инвестиција која купувачот можеби нема да ја забележи, но која му помага на трговецот да ги намали своите секојдневни оперативни трошоци. А, колку подобро се контролираат овие трошоци, толку поголеми се шансите долгорочно да се одржи деловниот модел заснован на ниски цени. Со други зборови, купувачот можеби нема да види каде точно се остварени заштедите. Она што тој сака да го види е дека цената на полицата останала ниска. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“. Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните. Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците. Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина. Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.Тагови: младенците гости Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook