Филипче и Синдикатот на Клинички центар на средба за решение за паркингот

Министерот Венко Филипче и Синдикатот на здравствените работници денеска на средба ќе се обидат да најдат решение во врска со поскапувањето на паркирањето за вработените на Клиничкиот центар во Скопје.

Како можност се разгледува паркингот да се врати на стопанисување на Центарот.

-Во врска со паркингот разговравме со градоначалнкот Петре Шилегов. Укажав на сите барања на синдикатот, на незадоволството на вработените во Клиничкиот центар и разговаравме за неколку можни решенија, меѓудругото ние повторно да го вратиме стопанисувањето со паркингот. Треба да се разгледа договорот како тој бил преземен од страна на Град Скопје пред неколку години. Исто така ќе се разгледува можност во решението да ги вградиме и активностите кои се во тек , а во смисла на целосно решавање на сообраќајниот хаос. Се надевам дека за ден два ќе имаме некакво алтернативно правно решение за тоа како би можеле евентуално да го преземеме паркингот, а во истовреме да работиме на унапредување на нашиот капацитет да може тоа да функционира, рече Филипче.

Тој напомена дека во овој момент, исто така, се ревидираат претходно направените физибилити студии за катните гаражи.

– Ревидирањето е при крај и врз основа на тоа ќе ги започнеме постапките за монтирање урбана опрема, а тоа се монтажните катни гаражи, таму каде што било предвидено, во близина на хелиодромот, а дополнително и на празниот простор до гинеколошката клиника, рече министерот за здравство.

Филипче одговарајќи на новинарско прашање реше дека не е запознаен дека синдикатот освен забелешките за паркингот имаат и забелешки во врска со покажувањето на платите. Рече дека на поранешните средби со синдикатот укажале дека ова во моментот е максимумот што може да го дадат и оти тоа е процес во кој ќе се инвестира и во наредните години за да се исполнат ветувањата за основна плата на лекарите специјалисти.

-Излеговмем во пресрет и на дополнителните барања на медицинските сестри. Предвиденото зголемување за септември ние го префрливме во јануари затоа што се обезбеди и дополнителна сума на пари, но и да се разгледаат некои дополнителни барања од страна на медицинските сестри во Клиничкиот центар во однос на нивните коефициенти бидејќи навистина наследивме хаотичен систем. Има различни коефициенти, различен начин на пресметување на платите, различно признаени дипломи за високо школо на некои медицински сестри да, а на некои не, рече Филипче.

Денеска Синдикатот на Клинички центар на денешниот штрајк против одлуката за покачување на цената на паркингот побара министерот за здравство да го реши настанатиот проблем.

Советот на Град Скопје, кој стопанисува со паркингот, донесе одлука за зголемување на месечното паркирање на 800 денари за вработените од Клиничкиот центар.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер