Филипче: До крајот годината за 30 отсто ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции - Канал 5

Филипче: До крајот годината за 30 отсто ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции

- Владата на премиерот Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да донесе нови странски инвестиции како што најавуваа, за жал се затвораат и тие кои што со години работеа тука кај нас.

Филипче: До крајот годината за 30 отсто ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги критикуваше економските политики на Владата, при што вели, дека добива информации за се поголем број отпуштања на вработени од зоните со странски инвестиции, со што сериозо се загрозува егзистенцијата на илјадници семејства.

- Владата на премиерот Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да донесе нови странски инвестиции како што најавуваа, за жал се затвораат и тие кои што со години работеа тука кај нас. Веќе слушнавме дека две големи компании кои со години работеа во индустриските зони најавуваат ставање клуч на погоните во земјава. Компанијата Aptiv, која од 2016 година работи тука со 500 вработени, и Dura Automotive Systems која требаше да реализира тоа што веќе претходно го најави - нова инвестиција, но за жал сега не се случи. Значи нема проширување, нема места, оваа компанија најави стопирање на инвестицијата, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, со овој негативен тренд односно од досегашните отпуштања и оние кои се во најава до крајот на годината, за околу 30% ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

- Ова е огромна бројка и огромна загуба на работни места. Ако на ова се додаде и тоа дека десетици компании од сферата на текстилната индустрија наши домашни компании се затвораат изминатите месеци, стигнуваме со бројка на илјадници луѓе, семејство на кои што им е загрозена егзистенцијата, кои се соочуваат со неизвесност, рече Филипче.

Тој додаде дека секоја одговорна влада кога има ваков проблем мора да најде решение или барем предлог решенија за решавање на ваквите предизвици, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прави и никако не го адресира, рече Филипче.

Со власта на премиерот Христијан Мицкоски, според него, државата доживува драматичен економски пад што, како што вели, „се гледа и во колапсот на странските инвестиции“.

- Откако премиерот заврши со сликање со нашите инвестиции, со китење со туѓи перја, сега дојде реалноста за неговата неспособност, имаме трипати помалку донесени странски инвестиции. Наместо стабилност, развој и економски раст, гледаме застој, пад и целосна незаинтересираност од страна на Владата, рече Филипче.

На прес-конференцијата, лидерот на опозициската партија зборуваше и за парите за ИПАРД. -Досега има склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои се исплатени само десет. Во моментот на 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра се директно погодени уште 30 милиони евра од овие проекти се стопирани, рече Филипче. Според него, овој случај го потврдува тоа на што посочувале дека „оваа власт е длабоко корумпирана“. Ова, рече Филипче, оди на штета на земјоделците за кои, вели, има и ниски откупни цени и субвенции и оти тие биле под постојан притисок и корупција.

Според него, власта не бара решенија на овие проблеми туку се занимава само со СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер