Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат - Канал 5

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е влада која што ја одзема иднината и можноста за прогрес.

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат

Во обраќањето пред присутните, Филипче преупреди за една година ВМРО ДПМНЕ ја има урнисано секоја област во општеството.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, платите немаат абер да растат во следниот период, во земјоделството се намалија субвенциите – и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, го урнисаа здравството, нè задолжија со седум милијарди евра – пари коишто ќе ги враќаат младите генерации“, рече Филипче.

Затоа, како што кажа Филипче, оваа хаотична состојба предизвикана од лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ мора да престане, а државата мора да се врати на вистинскиот европски пат.

„Затоа, сега упатувам јасна порака: да си ја земеме државата назад. Да ја вратиме на вистинскиот европски пат. Многумина прашуваат што е бенефитот? Бенефитот е тоа што тоа ќе биде признание за нашиот идентитет. Затоа што тоа ќе биде начин на којшто поквалитетно ќе се живее. И затоа што влезот во Европа е конечно обединување на сите Македонци“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Залудно е што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитира Библијата кога дома ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, ја задолжија државата и ја одзема иднината на младите и нивната можност за прогрес, порача вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината со социјалдемократската младина во Струмица.

„Откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, откако направија цените да растат без контрола да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, откако платите немаат абер да растат, откако во земјоделството се намалија субвенциите и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, откако нè задолжија со седум милијарди евра и откако направија сè да си го постават системот така, да тие седум милијарди евра си ги добијат однапред договорени странски компании, на коишто подизведувачи ќе им бидат само ВМРО ДПМНЕ -вчера го слушам премиерот на собир во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни господ нема да му помогне“, рече Филипче во Струмица.

Филипе пред младината зборуваше за целокупните погрешни политики на оваа влада меѓу кои и задолжувањето кое ќе остане на терет на младите генерации. Тој се осврна и на скршувањето од европската агенда и потребата за враќање на Македонија онаму каде што заслужува да биде, а тоа е во европското семејство на народите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,  на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб .

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб.

Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека вториот пензиски столб нема да постои.

„Се брише членот 120 и се брише одредбата со која 6% од парите од придонесите, кои сите ние ги плаќаме за пензиско и инвалидско осигурување, 6% кои треба да одат во вториот столб, сега таа одредба се брише. Каде ќе одат парите? Дали тоа значи дека се елиминира вториот пензиски столб? Огромен скандал на повидок. Треба добро да се објасни. Христијан Мицкоски да каже зошто не се уплаќаат парите таму и зошто во новиот предлог-закон, кој е на ЕНЕР, се брише членот 120 за уплата на 6% од вкупниот придонес за пензиско осигурување во вториот столб“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче укажа на сериозната состојба со пензискиот систем, и ризикот во кој се ставени и членовите на вториот пензиски фонд, односно дека над 5 милиони евра не се префлрени во вторито столб.

„ Освен што се пензионерите украдени, дупката во пензискиот фонд е милијарда евра. изминатите месеци не се уплаќаат парите од пензискиот фонд во фондовите за дополнително пензиско осигурување, таканаречениот втор столб. 50 милиони евра недостасуваат и притоа не ги уплаќаат парите во вториот столб. Се поставува прашањето: доведен ли е во ризик вториот столб на сите нас кои плаќаме таму пари за нашите идни пензии?“, праша Филипче.

Тој предупреди дека секое доцнење и неуплата повлекува и камата и побара да се утврди кој ќе ја преземе одговорноста за тие средства.

„Што ако се покренат тужби, ќе ги дадат ли парите плус камата, затоа што секое доцнење и неуплата повлекува и камата? Кој ќе ја преземе одговорноста за каматите?“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 21.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците.

- За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација.

- Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово  во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. 

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер