Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија - Канал 5

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. 

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња. Сите овие проекти рече Филипче од одобрување на средства до потпишување договори и реализација се во периодот на владите на СДСМ.

„Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Прво обновата на салата АСНОМ којашто се користи за многу манифестации, понатаму мостот којшто исто така на го олеснува движењето низ градот, понатаму изградба на новата градинка во која ќе се сместат повеќе од 100 деца, а затоа има огромна потреба во градот, понатаму пазарот којшто е целосно обновен и секако новата прочистителна станица со швајцарскиот проект и дополнително средства од владата наменети пред неколку години“, рече Филипче.

Тој потсети дека салата АСНОМ е целосно реконструирана со средства од владата на СДСМ и истата денеска се користи за одржување свечени настани од општината, трибини, играорни групи и бројни настани на училиштата.

Новата детската градинка која е во завршна фаза ќе опслужи 150 деца од градот но и од околните места. Таа е клон на постоечката „Весели цветови“ и договорот за нејзината изградба исто така е потпишан со министерката за труд и социјална политика од владата на СДСМ, Јована Тренчевска.

Филипче потсети дека пречистителната станица во Делчево е комплетно нова и истата има исклучителна важност за градот бидејќи се користи за питка вода за пиење. Договорот за нејзината изградба е склучен и потпишан со владата на СДСМ, швајцарската амбасадорка и тогашниот министер за животна средина, Садула Дураку. Станува збор за пречистителната станица која е пуштена во употреба минатата година и е наменета за Делчево и за најголемите населени места односно селата кои гравитираат во околината.

Филипче оценува дека овие проекти не се само инфраструктура, туку се вложување во подобар живот за сите граѓани, проекти кои го менуваат животот на граѓаните на подобро. За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија.

„Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој е градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“, потенцираше Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

 Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Министерството за јавна администрација и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за јавна администрација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешко партнерство насочено кон модернизација на јавната администрација преку научна и академска поддршка.

Овој меморандум, како што се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува основа за зајакнување на соработката помеѓу јавниот сектор и академската заедница, со фокус на размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија.

-Целта е преку ангажирање на студенти, експертска поддршка, научноистражувачка дејност и заеднички проекти, да се унапредат административните процеси и да се изгради поефикасна, транспарентна и современа јавна администрација. Соработката предвидува организирање на обуки, работилници и практична настава, развој на апликации и прототипи, како и имплементација на заеднички истражувачки проекти. Посебен акцент ќе се стави и на иницијативи како што се Хакатони, Иновациска лабораторија на јавниот сектор и аплицирање на меѓународни програми, појаснуваат од Министерството.

Оваа иницијатива ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за градење на современа и компетентна администрација преку стратешка соработка и вложување во знаење и експертиза.

На штипскиот Универзитет има 2.168 слободни места за академската 2025-2026 година

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип за академската 2025-2026 година има 2.168 слободни места за редовни студенти, за прв циклус на студирање. 

На штипскиот Универзитет има 2.168 слободни места за академската 2025-2026 година

Проректорот на УГД, Мишко Џидров на денешната прес-конференција ги повика матурантите да се запишат во првиот уписен рок, кој ќе се одржи од 20 до 22 август, истакнувајќи дека има бројни можности за кофинансирање и ослободување од плаќање партиципации за голем дел од студентите.

Вториот уписен рок е закажан за 4 и 5 септември, додека третиот е на 17 и 18 септември. Сите детали за уписите и можностите за кофинансирање се објавени во конкурсот на Универзитетот.

-Нашите 12 факултети и три уметнички академии имаат околу 80 активни студиски програми на кои што верувам дека студентите ќе можат да се препознаат. Ги повикувам нашите идни студенти да ги погледнат трите рока за запишување. Првиот е на 20,21 и 22 август, вториот на 4 и 5 септември, додека третиот уписен рок 17 и 18 септември. Во првиот уписен рок ќе има многу поволности за нив. Како минатата година и оваа година имаме ослободување од плаќање партиципација на поголем дел студенти. Сите детални инфорамции се објасенти во нашиот конкурс и може да ги погледнат и да се решат за да аплицираат, а јас би препорачал во прв уписен рок, изјави Џидров.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип продолжува со значајни напори за модернизација на своите студиски програми. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски на денешната прес-конференција рече дека новите промени ќе донесат европски квалитет во образованието што ќе го добијат студентите.

-Официјално го објавуваме Конкурсот за новата учебна година. Универзитетот направи напори да ги модернизира програмите. Голем дел од програмите поминаа низ нови реакредитации или нови акредитации, но посебно напорот да се споиме во универзитетските Алијанси отвори една целосна нова перспектива за сегашните, но и за идните студенти. Сигурен сум дека ќе имаат можност тука да добијат европско образование, односно образование со европски квалитет. Oд оваа година Универзитетот нуди едно повисоко квалитативно ниво образование, кое што ќе им биде од корист, вели Мираковски.

Тој посочи дека имаат интерес за студирање и од странските студенти, а имаат и студиски програми на англиски јазик на Медицинскиот факултет, Економскиот, Правниот, како и на Факултетот за информатика. Мираковски посочи дека Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип продолжува да инвестира во иднината на своите студенти, нудејќи им не само квалитетно образование, туку и можност за меѓународна мобилност и напредок во европски рамки. Првиот уписен рок е можност што студентите не би требало да ја пропуштат, со оглед на новите академски можности што ги нуди овој универзитет.

Кликс: Се гаси Ал Џазира Балканс

 По 14 години работа на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“, потврди сараевскиот портал Кликс.

Кликс: Се гаси Ал Џазира Балканс

Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн чие седиште е во Сараево од 2011 година.

„Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.

Телевизијата беше препознатлива по своите документарни емисии, а емитуваше програма на јазик кој не беше ниту арапски, ниту англиски - што беше исклучок во рамките на мрежата на „Ал Џезира“.

Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини.

притисни ентер