ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
1ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
КултураФилхармонијата од Бакау, Романија ќе го отвори „Интерфест“ во БитолаФилхармонијата од Бакау, Романија која во изминатите 57 години развива интензивна музичка и концертна активност ќе го отвори 22-то издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“ кој од 2 до 12 октомври ќе се одржува во Битола. Според Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на фестивалот - вистинска реткост е да се пречека и да се слуша Бакау Филхармонијата „Михаил Јора“ во Република Македонија која од 1956 година па до денес одржала илјадници концерти на сите страни во светот, снимала за реномирани музички куќи и учествувала на престижни фестивали. - Филхармонијата од Бакау ја обиколила земјината топка. Тоа е ансамбл што приредува концерти од симфониска и духовна музика, а концертот во Битола ќе го посветат на генијалните оперски композитори Рихард Вагнер и Ѓузепе Верди во чест на 200 годишнината од нивното раѓање. На овој голем настан ќе има уште еден вознес, односно ќе биде изведена „судбинската“ симфонија на Лудвиг Ван Бетовен „Петта Симфонија“, и се под диригенство на Валентин Дони од Молдавија. На концертот во Битола ќе настапат и врвните романски пејачи Георгета Григоре-сопран и Разван Сарару-тенор, истакна Шперовиќ-Рибарски. Таа посочи дека дел од фестивалската програма освен во Битола ќе биде презентирана и во Велес, каде што концерт ќе приредат Луиџи Санто и Даниела Џентиле и во Охрид, каде ќе гостува гитаристот од Анкона, Италија Џовани Сенека. - Годинешниот „Интерфест“ ќе посвети внимание на два јубилеи односно 50 години од формирањето на Музичка младина на Македонија која на 31 јануари 1963 година беше формирана во Битола, и јубилејот 20 години заедничко музичко творештво на Љубиша и Маја Кировски, сопружници кои настапуваат како дуо и се посветени на македонската музика и затоа ќе изведат дела од Прокофјев, Илиевска и Трајчевски, посочи Шперовиќ-Рибарски. Во дестте фестивалски денови ќе настапат музичари од Романија, Италија, Украина, Канада, Турција, Полска, Русија и Шпанија, а ќе е одржат и два мастеркласа со Еуген Сковородников од Рисија и Андреа Кардинале од Италија. Фестивалот на класична музика „Интерфест“ се одржува под покровителство на Министерството за култура. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста. Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса. Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи. Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка. ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата. А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати. Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки. Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес. ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет. Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска. Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook