Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти - Канал 5

Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти

На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти

Новата концертна сезона на Македонската филхармонија се отвора в четврток, во 20 часот со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, потенцираше дека новата концертна сезона 2025-2026 е насловена „#Без филтер“ бидејќи класичната музика не подлежи на вештачки разубавувања, дека станува збор за уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик.

-Оркестарот на Македонската филхармонија и во сезоната 2025/2026 ќе тргне во нова звучна авантура со возбудливи солисти и диригенти кои ја испишуваат денешната историја на класичната музика и се етаблираат на светската сцена како врвни уметници. Нашата публика повторно ќе има привилегија да доживее неповторливи мигови на врвно уметничко задоволство – вели Имери.

Директорот на Филхармонија го најави и гостувањето во „Музикеферјан“ во Виена , на 28 октомври, на матичната сцена на која познатата Виенска филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои и еден од најпознатите – Новогодишниот концерт кој се одржува секој 1 јануари.

-Во Виена ќе се претставиме со спој на македонската традиција и европската класика – ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори – Глигор Смокварски, Бете Илин, Сони Петровски како и Симфонијата број 8 од Антонин Дворжак. Како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Ова е историски момент за нашиот оркестар, но и за нашата држава чија музичка култура и традиција ќе ја претставиме на најдобар начин, како најстар и единствен симфониски оркестар во државата. Македонската филхармонија уште еднаш ќе испише историја, и ќе докаже дека културата е најсилниот дипломатски инструмент и најдобар амбасадор на државата во светот – истакна Имери.

Беше највена уште една возбудлива музичка сезона со имаме интересни концерти.

-Публиката ќе има можност да ги чуе македонскиот кларинетист Васко Дуковски, нашата виолинистка Фросина Богдновска која живее и работи во Германија... Роденденскиот концерт е на 27 ноември со врвниот ерменски виолинист – Сергеј Хачатријан, а ќе настапат и виолистот Александар Земцов, виолинистите Теди Папаврами, Ава Бахари, Шкељзен Доли, харфистката Анелин Ленеартс, пијанистите Ендру фон Ојен и Алим Беисембајев, како и еден од најдобрите виолинисти во моментов – фантастичниот Нинг Фенг од Кина. Зад пултот ќе застанат нашите стари пријатели – диригентите Емил Табаков и Конрад ван Алфен, повторно ќе настапи и Бар Авни, лауреатката на „Маестра“, Најден Тодоров, Тимоти Редмонд, Олси Кинами, нашите диригенти, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев и Бисера Чадловска. Ќе имаме возбудлива концертна програма, во која се надевам дека ќе уживаат вљубениците во класиката и нашата верна публика – рече Мустафа Имери.

Концертмајсторите Анна Кондратенко и Владимир Костов кои беа дел од уметничкиот совет кој ја креираше програмата за оваа сезона истакнаа дека при изборот на делата се водело сметка да бидат застапени дела од сите епохи.

-Кога ја создаваме програмата важно ни беше да одбереме дела кои се важни за развојот на оркестарот, да бидат опфатени дела од т.н. железен репертоар, но и дела кои не биле изведени на нашата сцена – рече Кондратенко.

Според Владимир Костов, освен делата од железниот симфониски репертоар, важно е да се напомене дека публиката ќе има можност да чуе и премиерни изведби на дела кои досега не биле изведени на нашата сцена.

-Првпат ќе биде изведено вокално-инструменталното дело на Карл Џенкинс, мисата за мир „Вооружен човек“, како и моќната и грандиозна Симфонија бр.11 од Дмитри Шостакович, на програмата се и капитални дела оркестарски дела како „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински – потенцира Костов.

Освен симфониските концерти, публиката ќе има можност да проследи и интересни камерни концерти, како и симфониски концерти, наменети за најмладата публика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) денес објави дека непознат проектил погодил брод на околу 33 километри од брегот на Оман, во близина на градот Касаба.

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар.

Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели во соопштението на „UKMTO“.

Досега нема извештаи за какви било последици по животната средина.

Надлежните органи го истражуваат инцидентот, а на бродовите им е советувано да бидат внимателни додека пловат и да пријават каква било сомнителна активност до „UKMTO“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем шумски пожар избувна кај најголемото езеро во Италија, евакуирани повеќе од 200 луѓе

Голем шумски пожар избувна на западниот брег на езерото Гарда во Италија, а локалните власти евакуираа повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи многу туристи, како мерка на претпазливост.

Голем шумски пожар избувна кај најголемото езеро во Италија, евакуирани повеќе од 200 луѓе

Езерото Гарда, најголемото езеро во Италија и една од најпознатите туристички дестинации во земјата, привлекува голем број посетители секоја година поради својата природна убавина, планинската околина и бројните летни одморалишта. Токму во оваа популарна област, која е особено популарна во ова време од годината, пожарот предизвика загриженост кај жителите и туристите.

Пожарот избувна вчера во општината Тињале и брзо се прошири низ ридестиот предел над езерото во текот на вечерта и ноќта.

Пожарникарите сè уште се борат со пожарот денес, но пожарот сè уште не е под контрола. Бројни противпожарни екипи, како и авиони и хеликоптери, учествуваат во гаснењето.

Пожарникарите ги штитат домовите

„Напорите во моментов се фокусирани на запирање на противпожарните фронтови и заштита на неколку станбени згради“, изјавија пожарникарите.

Досега нема извештаи за повредени.

Областа на езерото Гарда, најголемото езеро во Италија, е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

Топлотниот бран продолжува да ја погодува Италија

Пожарот избувна во време кога Италија, како и поголемиот дел од Европа, се соочува со продолжен топлотен бран.

Температурите во делови од земјата надминуваат 40 степени Целзиусови во последните денови, а се очекува високите температури да продолжат до средината на месецот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со домувањето што произлегува од тоа на шпанскиот медитерански остров.

Протест на Мајорка против масовниот туризам

Две недели по големиот митинг во главниот град Палма против она што многумина го сметаат за прекумерен туризам, најновите демонстрации се одржаа во западниот град Солер.

„Помалку туризам, повеќе живот“

Двата протести беа организирани од граѓанската иницијатива „Помалку туризам, повеќе живот“ (Menys Turisme, Més Vida).

Според властите, околу 1.000 луѓе учествуваа на митингот во градот, кој е исклучително популарен кај туристите.

„Mallorca Zeitung“, медиум на германски јазик наменет за бројните германски посетители и жители на островот, го процени бројот на учесници на 2.000. „Mallorca Magazin“, кој се издава и на германски јазик, објави дека се собрале до 2.500 луѓе.

Нема судири со полицијата

Протестот вклучуваше скандирања насочени против туристите. Сепак, овој пат немаше судири со полицијата, за разлика од митингот во Палма.

Иницијативата „Помалку туризам, повеќе живот“ првпат повика на протести во 2024 година, огорчена од растечката криза со домувањето што е резултат на масовниот туризам на Мајорка, најголемиот остров на Балеарските Острови.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер