Фил Колинс се смири со третата екс сопруга - но има еден ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ! - Канал 5

Фил Колинс се смири со третата екс сопруга - но има еден ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ!

Фил Колинс обелодени дека се смирил со екс сопругата Оријана со која има два сина. Тие се разделија во 2006-та. Но, останува еден проблем - Оријана е во процес на развод од 47 годишниот Чарлс Мејати, со кој потпишала договор тој да ја задржи куќата во Мајами и да се грижи за нивниот син. Но сега вели дека била изманипулирана да го потпише договорот и дека била под дејство на силни лекови за болки...

Фил Колинс се смири со третата екс сопруга - но има еден ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ!
Фил Колинс и Оријана се запознаа на негов концерт во 1994 година. Се венчаа неколку години подоцна - во 1999-та. Се разведоа во 2006-та.



They met while Collins was playing a concert in Lausanne, Switzerland, in 1994. The couple are pictured here together in 1996

При разводот таа доби алиментација од 25 милиони фунти и веднаш се премажи со бизнисменот Чарлс Мејати со кој има 5 годишен син.

Но во 2014 година Оријана отишла на рутинска операција на грбот која се искомплицирала. Таа останала во болница со месеци, и се движи со помош на стап, како и Фил Колинс, а во најтешките денови токму тој бил покрај неа!

Сега Оријана и 65 годишниот Колинс се повторно заедно.

Во Мајами каде што живеат, нивните блиски очекуваат повторно да стапат во брак - но во тоа ги попречува горчливиот развод низ кој минува Оријана.

Таа всушност пред разводот потпишала договор до сопругот Чарлс според кој 6 милиони вредната куќа во Мајами останува негова, а 5 годишниот син е под негово старателство. Сега Оријана вели дека била изманипулирана и под тешки лекови кога се потпишала на договорот, и дека била под закани од страна на Чарлс дека ќе ја изложи на јавна критика како неодговорна мајка и „ќе отвори војна“ со неа - ако не потпише.

Collins and Orianne are now living together again with their sons, Nicholas (centre) and 11-year-old Matthew, at a £26 million Miami Beach mansion


Како ќе заврши сето ова?

75 годишната мајка на Оријана вели дека повеќе го сака Фил, и објаснува „ не затоа што е милионер туку затоа што е добар сопруг и татко“.


Овој месец Фил Колинс ќе ја објави автобиографијата „Not Dead Yet“, и ќе ги реобјави своите 8 албуми. Човекот кој се бореше со алкохолизам и депресија, кој зад себе има 3 пропаднати бракови во автобиографијата порачува - уште не сум мртов!

/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер