Фијаско во Софија - Жешките историски прашање ќе ги чекаат изборите во Македонија

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денес во Софија повторно се обиде и не успеа да ги надминат разликите околу ликот и делото на Гоце Делчев.

Капитулира ли работата на македонско-бугарската мешовита Комисија?Отворените историски прашања, според последните информации од Софија, најверојатно ќе ја чекаат пролетта. Според бугарските медиуми, следна шанса Комисијата ќе има во мај, по изборите во Македонија. Разговорите меѓу историчарите се во своевиден ќорсокак, оценија на пред малку завршениот брифинг, предводникот на бугарската страна, Ангел Димитров и неговиот колега Драги Ѓоргиев, пренесува БГНЕС.

-Она што го договоривме е толку мало и незначително, што ми е тешко дури и да се сетам на тоа. Не сме во состојба да зборуваме за какви било резултати. Направивме се што можеме, сега нештата се префрлаат на политичко ниво, изјави Ангел Димитров.

-Поради предизборието во Македонија , предложивме комисијата да паузира извесен период . Не може од работатат на комисијата да зависи европскиот пат на Македонија , рече меѓу другото Драги Ѓорѓиев.

Неуспехот можеше да се насети уште вчера, по првиот работен ден, кога Ѓоргиев и Димитров се соочија на Бугарската национална телевизија. И двајцата признаа дека непредок за прашањето за средновековниот период во учебниците, а уште помалу за Гоце Делчев.

-Доколку оваа Коамисија инсистира да утврди дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, решение нема да има. Во тоа време не станува збор за „еден црно-бел свет" и не постоела јасна поделеност на бугарска или македонска свест, вели Ѓоргиев.

-Ако не се знае каков е човекот, не можеме точно да го оцениме неговото дело. Гоце Делчев сам кажал каков е. Тоа го кажало и неговото семејство, вели Димитров

Ова беше девета и последна предвидена средба за годинава, на кои двете страни постигнаа напредок само за неколу прашања.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер