ФИФА: Здравјето на фудбалерите е од клучна важност за ФИФА - Канал 5

ФИФА: Здравјето на фудбалерите е од клучна важност за ФИФА

Инфантино во интервју за Си-Ен-Ен рече дека влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчите ќе биде ограничено.

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Здравјето и благосостојбата на играчите остануваат клучно прашање за ФИФА, истакна првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, во контекст на критиките поврзани со новиот, проширен, формат на Светското клупско првенство во веќе преполнетиот календар.

Синдикатот на играчи (ФИФПРО), шпанската Ла Лига и група европски лиги поднесоа заедничка жалба до антимонополските регулатори на Европската унија претходно во октомври, обвинувајќи ја ФИФА за „злоупотреба на календарот“.

Критичарите тврдат дека новиот формат на Светското клупско првенство во организација на ФИФА со 32 екипи и другите проширени турнири ќе го зголемуваат бројот на натпревари секоја сезона и ќе им остават на играчите малку слободно време помеѓу натпреварите.

Инфантино во интервју за Си-Ен-Ен рече дека влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчите ќе биде ограничено.

„Тоа е натпреварување што се одржува на секои четири години. Победникот игра седум натпревари – што е како уште еден и пол натпревари годишно – така што нема големо влијание“, наведе Инфантино.

„Тоа што се случува во светскиот фудбал е дека имаме многу натпревари за многу малку тимови, многу малку играчи. Зборуван за оние кои стигнуваат можеби до последната фаза од сите натпреварувања, што е повторно многу ретко. Значи, сè на сè, тоа е сосема избалансирано. Но, ние обрнуваме многу внимание на календарот и здравјето на играчите. Мислам, сакаме да сториме сè за играчите да имаат за да играат на најдобар начин. И тоа е нешто што многумина играчи ми го пренесуваат. Тоа што сакаат е да играат, а не да тренираат, нели?“, заклучи првиот човек на ФИФА.

Инфантино исто така рече дека работната група на ФИФА, предводена од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го анализира влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчите.

Фото: ЕПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите.

Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити.

Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата.

Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски.

Таа влада беше првата демократска по десет години мрак.

Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает.

Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете.

Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони.

Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра.

Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите.

Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници.

За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки.

За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа.

А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија.

Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè.

Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате.

Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

притисни ентер