3Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
ФудбалФИФА: Светското клупско првенство започна со голем успехМеѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) излезе со соопштение за почетокот на Светското клупско првенство во 2025 година во САД. - ФИФА сака да им се заблагодари на сите вклучени што го направија воведниот натпревар на ова историско Светско клупско првенство таков голем успех. Бевме сведоци на возбудлив воведен натпревар помеѓу Ал Ахли и Интер Мајами, одигран во неверојатна атмосфера на распродадениот стадион „Хард рок“ во Мајами. Ентузијазам и страст за отворањето на ова ново поглавје на светскиот клупски фудбал, се вели во соопштението на ФИФА. Федерацијата истакна дека првиот натпревар го дал тонот на целиот турнир, кој ветува дека ќе биде епско натпреварување во САД. Резултати на натпреварите на Светското клупско првенство во САД: Ал Ахли – Интер Мајами 0:0 Баерн – Оукленд 10:0 ПСЖ – Атлетико Мадрид 4:0 Палмеирас – Порто 0:0 Ботафого – Сиетл 2:1. Вечер од 21 часот играат Челзи и Лос Анџелес.Тагови: ФИФА Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСалах пред трансфер во Трабзонспор Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“ досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах. Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот. Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Во Перу падна туристички авион,13 загинатиТринаесет лица загинаа денес при падот на мал туристички авион над археолошкиот локалитет „Наска линии“ во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс. Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над линиите Наска, но неколку минути подоцна ја изгубил врската со контролната кула, објавија локалните медиуми. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 people on board. Authorities said the aircraft was carrying 11 passengers and two pilots when it went down near the UNESCO World Heritage site in… pic.twitter.com/6yFqmtUDxs — Mighty News (@Mighty__News) August 1, 2026 Причините за падот на авионот сè уште се непознати, а локалните власти најавија покренувањеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднинаДенес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република - на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе. Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство - слободна, демократска и просперитетна. Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија. Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче СДСМ Тагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35