ФИФА покрена истрага по обвиненијата за сексуално злоставување на СП за фудбалерки - Канал 5

ФИФА покрена истрага по обвиненијата за сексуално злоставување на СП за фудбалерки

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага по обвинувањата за сексуална злоупотреба во репрезентацијата на Замбија за време на Светското првенство за жени што се одржа во Австралија и Нов Зеланд.

ФИФА покрена истрага по обвиненијата за сексуално злоставување на СП за фудбалерки

ФИФА најави строги казни доколку истрагата покаже дека обвиненијата се основани.

Неколку медиуми објавија дека селекторот на Замбија Брус Мвепе е обвинет за сексуално злоставување, наводно допирање на градите на играчка пред натпреварот со Костарика, но ФИФА не објави детали од истрагата.

„Можеме да потврдиме дека обвинението што го добивме се однесува на репрезентацијата на Замбија и дека истрагата е во тек. Секое тврдење за несоодветно однесување го сфаќаме многу сериозно и постои јасна процедура за пријавување на такви случаи“, соопшти ФИФА.

Од Фудбалскиот сојуз на Замбија соопштија дека не добиле никаков извештај, ниту од фудбалерката, ниту од некој друг член на делегацијата што отпатува на Светското првенство.

„Затоа бевме изненадени кога слушнавме за наводното несоодветно однесување на тренерот, за што „Гардијан“ објави во текст на својот онлајн портал“, изјави генералниот секретар на Фудбалската асоцијација на Замбија, Рубен Каманга, додавајќи дека сите тренинзи на тимот се снимени.

За инцидентот не била информирана ниту полицијата на Нов Зеланд, која соопшти дека не добила никаква пријава. Но, ни беше укажано на можен инцидент, по првичната истрага не беа преземени дополнителни дејствија“, изјави портпаролот на полицијата.

Тренерот Брус Мвепе е под истрага за наводни сексуални напади во последните месеци. Од Фудбалскиот сојуз на Замбија потврдија дека истрагата е отворена, но дека никогаш не добиле официјална жалба. Мвапе постојано беше испрашуван за време на медиумските конференции на ова Светско првенство во врска со наводите за сексуална злоупотреба, но тврдеше дека сите наводи се лажни.

Замбија го заврши натпреварувањето во групата Ц со освојување на третото место со победата над Костарика (3:1), по двата убедливи порази од Јапонија (5:0) и Шпанија (5:0).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата,

„Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност.

Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови.

„Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија на автомобил во Санкт Петербург, убиен висок руски офицер

Утринава се случи експлозија на автомобил во Санкт Петербург во која загинал висок руски воен офицер, додека неговата сопруга со тешки телесни повреди е пренесена во болница. 

Експлозија на автомобил во Санкт Петербург, убиен висок руски офицер

Инцидентот се случил на паркинг во станбена зона на Ростовска улица во моментот кога возачот го активирал моторот на своето возило.

Ударниот бран бил толку силен што ги разнел задните стакла, го откорнал поклопецот од моторот и задниот браник. Делови од автомобилот и метални парчиња биле расфрлани на десетици метри околу местото на настанот.

Според тамошните медиуми возачот им подлегнал на повредите на лице место. Неговата сопруга, која исто така се наоѓала во возилото во моментот на експлозијата, во критична состојба е хоспитализирана на одделот за интензивна нега. Официјалните руски власти сè уште не го соопштуваат идентитетот на загинатиот офицер, ниту точната причина за експлозијата.

Ова е трет пат високо рангиран руски воен офицер да биде разнесен од почетокот на месецот. На 13 август во експлозија на улица во Севастопол загинна капетанот Роберт Шагеев од руската морнарица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер