ФИФА ја казни албанската фудбалска федерација за натпреварот Албанија - Србија - Канал 5

ФИФА ја казни албанската фудбалска федерација за натпреварот Албанија - Србија

Албанската фудбалска федерација објави дека официјално е известена од ФИФА за дисциплинска одлука во врска со натпреварот Албанија-Србија што се одржа на 7 јуни 2025 година на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.

ФИФА ја казни албанската фудбалска федерација за натпреварот Албанија - Србија

Според одлуката на ФИФА, албанската фудбалска федерација (FSHF) е казнета со парична казна од 161.500 швајцарски франци и со обврска следниот домашен натпревар против Латвија да се игра со најмалку 20% од капацитетот на стадионот затворен за јавноста.

-Оваа казна доаѓа како резултат на повторено, несоодветно и дискриминаторско однесување од страна на дел од албанските навивачи, вклучувајќи: песни со дискриминаторска содржина, фрлање предмети, палење огномет, користење гестови и пораки несоодветни за спортски настан, како и прекини при изведувањето на националните химни, наведува FSHF.

Федерацијата ја смета оваа одлука за сериозна казна за целата фудбалска заедница, која ѝ штети не само на институцијата, туку пред сè на албанската репрезентација.

Во својата реакција, ги повикува „сите црвено-црни навивачи да избегнуваат каква било акција што може да му наштети на тимот, да ги почитуваат меѓународните правила и да придонесат за достоинствена атмосфера во поддршка на Албанија“.„Само обединети и одговорни можеме да ја поддржиме репрезентацијата како што заслужува“, нагласува Федерацијата во своето соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката

Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката

СДС и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка.

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви.

Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена.

Целта на СДС и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев.

Доказ што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.

Филипче и СДС прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника а позади тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви.

Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборите

По победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати.

Пристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборите

„Дата центрите во вселената во моментов изгледаат прилично привлечно“, напиша Маск на социјалната мрежа X. „Изгледа дека моите ласери во вселената, наменети за местење избори, овој пат не проработеа 🤷‍♂️“, додаде тој.

За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот.

Неговата најзначајна инвестиција беше во една трка во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико.

Изградбата на Дата центри стана значајно политичко прашање во Соединетите Држави. Сè поголемата побарувачка за компјутерска моќ, неопходна за развој на вештачката интелигенција, поттикнува изградба на огромни центри за податоци кои трошат огромни количества електрична енергија и вода.

Како резултат на тоа, сè поголем број локални заедници во САД се спротивставуваат на нивната изградба, стравувајќи од зголемени трошоци за електрична енергија, преоптоварување на инфраструктурата и негативни влијанија врз животната средина. На овогодинешните избори, неколку кандидати од Демократската партија за гувернери – вклучително и оние во Тексас, Џорџија и Охајо – се заложија за ограничување или привремено стопирање на изградбата на нови центри за податоци. Маск, сепак, долго време ја промовира идејата тие да се преместат во вселената.

Концептот подразбира сместување на компјутерските сервери, потребни за обработка на податоци и за функционирање на системите за вештачка интелигенција, на сателити што кружат околу Земјата, наместо во големи објекти на копно. Главната предност на еден ваков пристап би била можноста за искористување на речиси континуирана сончева енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над Рома

Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.

Баерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над Рома

Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.

Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан.

Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2.

Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик.

„Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот.

„На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик.

Карик е задоволен по ваквиот исход.

YouTube video

„Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место.

Лига на шампиони, 4. коло вторник

Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15

Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59

Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74

Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал ​​7, Рафиња 52, 62

Бодо/Глимт - Лил 0:0

Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54

ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48

Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр

Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78

среда 18.45

АЕК - Реал Мадрид

Фенербахче - Ливерпул

21:00

Борусија Дортмунд - Бетис

Објектив - Комо

Порто - Наполи

ПСВ - Клуб Бриж

РБ Лајпциг - Манчестер Сити

Славија Прага - Арсенал

Викинг - Сабах

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер