ФИФА: Годинава се направени рекордни 11.000 трансфери - Канал 5

ФИФА: Годинава се направени рекордни 11.000 трансфери

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска објави дека во 2024 година се направени рекорден број од 11.000 регистрирани меѓународни трансфери, што е зголемување за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

ФИФА: Годинава се направени рекордни 11.000 трансфери

Исто така, е објавено дека клубовите ширум светот потрошиле повеќе од 6,4 милијарди долари за обештетување, што е втора најголема сума во историјата, но и намалување од 13,06 отсто во однос на рекордот лани.

Убедливи лидери кај потрошувачите се европските клубови со 5,58 милијарди долари, а доминираат англиските клубови кои само за време на летниот преоден рок потрошиле дури 1,6 милијарди долари. Сепак, и таа сума е со пад од 15,5 отсто во однос на лани кога англиските клубови потрошиле две милијарди долари.

Клубовите од Саудиска Арабија, исто така, забележале пад на трошоците за неверојатни 50,74 проценти. По минатогодишните 875 милиони долари, оваа година саудиските клубови потрошиле 431 милион долари, но оваа бројка би требало да расте со оглед на тоа што трансфер периодот во таа земја трае до октомври.

Зголемување на прометот е забележано и кај трансферите на фудбалерките, годинава клубовите за обештетување потрошиле 6,8 милиони долари, што е повеќе од двојно во однос на лани.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е потребно наскоро да се постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

- Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на тоа, ако не се реализира, истакна Рубио.

Но, тој не прецизира колку администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да чека на резултатите од преговорите.

- Минатата недела беше посветена на тоа да откриеме колку овие страни се навистина блиски и дали се доволно блиски за да заслужат вложување на нашето време како посредник, посочи Рубио.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Со порака дека ќе се борат за своите права, припадниците на македонската заедница во бугаРија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Канал 5 вели дека ваквиот вид на настани ќе продолжат и во иднина, а иако имало најави, сепак одбележувањето поминало без инциденти.

Со него разговараше Јован Ѓорговски.

YouTube video

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ја освои денеска Големата награда на Шпанија во рамки на шампионатот во Мото ГП.

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Алекс Маркез, за кого ова е прв триумф сезонава, победи со време од 40:56.374 минути.

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, мина втор низ целта, со заостанување од 1,561 секунди, додека Франческо Бањаја од Дукати беше трет, со заостанување од 2,217 секунди.

Шесткратниот светски шампион, возачот на Дукати, Марк Маркез, заврши на 12-то место откако се имаше пад н почетокот на трката.

Алекс Маркез сега е лидер во генералниот пласман со 140 бодови, Марк Маркез е втор со бод помалку, додека Бањаја е трет со 120 бода.

Натпреварувањето во шампионатот во Мото ГП продолжува во Ле Ман на 11 мај, за кога е закажана трката за Големата награда на Франција. /МИА

притисни ентер