ФИФА го објави списокот на кандидати за фудбалер и тренер на годината - Канал 5

ФИФА го објави списокот на кандидати за фудбалер и тренер на годината

Меѓународната фудбалска федерација ја објави листата на кандидарти за најдобар фудбалер и тренер на годината во машка и во женска конкуренција.

ФИФА го објави списокот на кандидати за фудбалер и тренер на годината

Меѓу кандидатите за признанието The Best се тројца играчи на европскиот првак Ливерпул и тоа Мохамед Салах, Виргил ван Дијк и Садио Мане. На листата , очекувано , се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо , како и веќе поранешната двојка на Ајакс, Матис де Лит и Френки де Јонг.

На листата е и напаѓачот на Тотенхем , Хари Кејн , потоа Килиан Мбапе од ПСЖ и поранешниот фудбалер на Челзи , а сега ново засилување на Реал, Ајден Хазар.

Меѓу тренерите најголеми шанси има Германецот Јирген Клоп , кој го предводеше Ливерпул до европската титула.

Во женскиот фудбал најголеми шанси има американската селекторка Џил Елис , која ја предводеше репрезентацијата до светската титула. Меѓу фудбалерките најсериозни кандидатки се Алекс Морган и Меган Рапиноу.

Листите на кандидати ќе бидат скратени на по три имиња во секоја категорија , а свеченоста на прогласување ќе се одржи на 23. септември во Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Рим: Законите се донесени, сега следи најважниот чекор – нивната целосна имплементација

„Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат“ порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим.

Минчев од Рим: Законите се донесени, сега следи најважниот чекор – нивната целосна имплементација

„Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат“ порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило, потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република.

Ова партнерство пред се е инвестиција во луѓето кои ја носат јавната администрација. Затоа, важен дел од соработката ќе биде насочен кон воспоставувањето и развојот на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, институција преку која ќе создадеме услови за континуирано стекнување нови знаења, унапредување на вештините и градење професионална и компетентна администрација.

Министерот Минчев нагласи дека за Македонија овој Меморандум е особено значаен бидејќи е насочен кон зајакнување на професионалните капацитети на администрацијата и создавање систем во кој развојот на административните службеници ќе биде постојан и системски процес.

„Токму затоа, една од клучните области на соработката ќе биде воспоставувањето и развојот на нашата Академија за професионален развој и обука на административните службеници. Сакаме да изградиме систем во кој административниот службеник постојано ќе учи, ќе се усовршува и ќе има можност стекнатото знаење да го претвори во подобри резултати во својата работа. Крајната цел се подобри услуги за граѓаните“ изјави Минчев.

Италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило, посочи дека процесот на проширување на Европската Унија, кој се темели на заслуги, бара и силни и професионални јавни администрации засновани на принципот на заслуги, како во земјите кандидати, така и во земјите членки на Европската Унија.

„Подготвени сме да го споделиме искуството од реформите што ги спроведовме во последните години, од дигитализиран процес на вработување, преку обуки, до Законот за заслуги. Италија цврсто го поддржува европскиот пат на Македонија, а квалитетот на јавната администрација е еден од неговите темели“ порача Зангрило.

Во рамки на посетата, министрите одржаа и билатерална средба на која разговараа за тековните реформи во јавната администрација, можностите за размена на италијанското искуство и експертиза, како и за конкретизирање на идните активности во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои управувањето со квалитет, иновациите во јавниот сектор и Партнерството за отворена власт. Двете страни се договорија во наредниот период да се дефинира и првата програма за заеднички активности за 2027 година, со која ќе се операционализира соработката предвидена со Меморандумот.

За Министерството за јавна администрација, соработката со Италија е дел од традиционално добрите и пријателски билатерални односи меѓу двете земји и претставува нивно конкретно продлабочување во област од особено значење за европската интеграција на Македонија. Италија е силен поддржувач на европскиот пат на Македонија, а размената на искуства и институционалната соработка во реформата на јавната администрација се важен придонес кон изградбата на професионални, ефикасни и европски ориентирани институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје.

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

Во фокусот на средбата беа реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024–2027, како и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.

Заменик-министерката ги презентираше реализираните реформи и приоритетите за следниот период, истакнувајќи дека институционалната посветеност и конкретните резултати се од особено значење за напредокот во процесот на европска интеграција.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката и за искористување на искуствата и експертизата на Италија во областите релевантни за реформската агенда.

Беше потврдена заедничката определба за продолжување на отворениот дијалог и институционалната соработка во интерес на европската перспектива на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, доби четиригодишна суспензија поради одбивање на допинг-тест надвор од натпреварување во декември 2025 година. 

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот ја објави одлуката на 22 јуни 2026 година, а суспензијата трае до 21 јуни 2030 година. Во меѓувреме, Вондроушова поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, кој во август потврди дека ја примил нејзината жалба.

Причини за суспензијата Вондроушова објасни дека одбила да даде примерок бидејќи во тоа време била под значителен физички и психички стрес. Таа изјави дека службеното лице за тестирање пристигнало околу 20:00 часот и дека, поради околностите и – според нејзините зборови – недоволната идентификација, стравувала за својата безбедност.

Независен трибунал не ги прифати овие аргументи како доволно оправдување за одбивањето на тестот. За време на суспензијата, на Вондроушова ѝ е забрането да се натпреварува, да тренира играчи или да присуствува на официјални турнири под покровителство на ITF, WTA, ATP, Грен слем турнирите и националните федерации.

Додека го очекува исходот од својата жалба, Вондроушова слободното време го поминува на Бали. Таа објави фотографии од одморот на социјалните мрежи, вклучително и некои во бикини.

Овие слики особено ги истакнуваат бројните тетоважи на нејзиното тело – по кои чешката тенисерка е позната – како и нејзината одлично дефинирана фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер