Фидани: Недостасуваа судии и немаше услови предметот за „Пулс“ да се работи во судот во Кочани - Канал 5

Фидани: Недостасуваа судии и немаше услови предметот за „Пулс“ да се работи во судот во Кочани

Недостатокот на судии во кочанскиот основен суд но и анализата на состојбите во другите судови се главната причина скопскиот Кривичен суд да се определи за надлежен во постапување по предметот за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.

Фидани: Недостасуваа судии и немаше услови предметот за „Пулс“ да се работи во судот во Кочани

Недостатокот на судии во кочанскиот основен суд но и анализата на состојбите во другите судови се главната причина скопскиот Кривичен суд да се определи за надлежен во постапување по предметот за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, образложи претседателот на Врховен Африм Фидани. Највисокиот суд во земјава ја донесе одлуката по барање на штипска Апелација откако претходно кочанскиот суд побара изземање.

-Што се однесува до Основниот суд Кочани, каде јас бев исто така одговорен и подобро ги знаев околностите таму, недостасуваат човечки ресурси, пред сѐ судии. Штипска Aпелација направи и анализа за состојбата со другите судови со проширена надлежност на подрачјето на штипска Апелација. Ги анализиравме сите аспекти и ценевме дека најцелисходно би било предметот да се прати во Основниот кривичен суд во Скопје,- изјави – Африм Фидани – Претседател на Врховен суд.

Претседателот на судскиот совет Александар Камбовски пак очекува судската постапка да биде ефикасно спроведена.

-Очекувам ефикасно и ефективно да се спроведе постапката и да добијат и граѓаните и државата и сите ние да добиеме едно правично и фер судење во кое се надеваме тој што треба да одговара, ќе одговара, ако некој е погрешно обвинет, да биде ослободен,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски Совет.

Предметот со обвинението и доказите за пожарот во дискотеката Пулс вчера беше доставен до Кривичниот суд во Скопје и ќе биде распределен на совет за оценка на обвинение. Одлуката за трагедијата во Кочани да се суди во Скопје доаѓа во време кога кривичниот суд доби и нов в.д претседател откако досегашниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во скопска Апелација. До изборот на нов пртеседател со судот ќе раководи судијката Данела Димовска која беше единствен предлог од координаторот за тој суд, Данка Ристова. По кратката расправија во советот околу тоа дека процедурата за избор е спорна заради начинот на оценувањето и неусогласеност на законите, со 10 гласа за и два против, Даниела Димовска беше избрана за в.д претседател на Кривичен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица

Британската полиција прогласи голем инцидент во селото Велфорд, во близина на воздухопловната база Ферфорд на РАФ, која ја користат американските воздухопловни сили. 

Инцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица

Неколку мажи беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а дел од селаните беа евакуирани од своите домови.

Полицијата во Глостершир соопшти дека евакуираните лица се однесени во близок центар за забава додека продолжуваат истрагите.

На терен е испратен специјализиран воен тим за отстранување на експлозивни направи, кој проверува неколку возила.

Полиција: Инцидентот е ограничен на таа област

Во областа Велфорд е поставен полициски кордон и голем број служби за итни случаи се на местото на настанот. Меѓу нив е и специјализиран медицински тим за интервенции во опасни подрачја.

Засега, полицијата верува дека инцидентот е ограничен на областа под надзор и не објави дека постои опасност за пошироката јавност.

„Голем број имоти моментално се евакуираат во областа Велфорд по прогласувањето на голем инцидент. Ова следува по апсењето на голем број мажи под сомнение за кривични дела според Законот за експлозиви“, соопшти полицијата.

Тие додадоа дека соработуваат со други служби и спроведуваат однапред подготвени процедури за вакви ситуации.

Досега не е објавено точно колку мажи се уапсени, што е пронајдено во возилата или дали постои директна врска помеѓу осомничените и воената база.

Во близина на важна база на американските воздухопловни сили

RAF Fairford се наоѓа во Глостершир, на југозападна Англија. Иако е база на британските кралски воздухопловни сили, таму се наоѓа командата на 501-то крило за борбена поддршка на САД, а базата интензивно ја користат американските воздухопловни сили.

Американското воздухопловство го опишува RAF Fairford како главна напредна европска локација за стратешки бомбардери. Бомбардери Б-52 се распоредени и таму за време на разни мисии и вежби, а базата игра важна улога во американските и НАТО операциите во Европа.

Полицијата досега не посочи дека денешниот инцидент има каква било врска со работењето на базата или американските воени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус

Туристички автобус се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое во Баварија рано утрово. 

Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус

Во несреќата загинаа две лица, а 26 се повредени, од кои едно е во животозагрозувачка состојба.

Несреќата се случила кратко по шест часот, објавува Билд. Во автобусот со италијански регистарски таблички имало помеѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од Филипините, чија дестинација засега не е позната. Портпаролката на полициската управа на Горна Баварија Северна изјави за Билд дека едно лице починало на местото на несреќата, додека другото им подлегнало на повредите недолго потоа.

Причината се утврдува

Според првичните информации, автобусот слетал од десниот раб на патот без учество на други возила, а потоа се превртел во канал. Шофершајбната била целосно уништена. Државното обвинителство ангажирало експерт за реконструкција на настанот и утврдување на причината за несреќата.

На терен има голем број спасувачи, а хеликоптер прелетал над местото на несреќата. Пожарникарите го обезбедиле превртеното возило со јажиња и дрвени потпори.

„Ги замоливме нашите колеги на терен да ја проценат ситуацијата. Засега можеме само да кажеме дека има многу повредени“, изјави портпаролката, истакнувајќи дека податоците постојано се менуваат. Идентитетот на жртвите сè уште не е објавен. На задната страна од автобусот има рекламен знак „Доверете ни ги вашите потреби за патување“.

Автопатот е затворен во двата правци

Поради несреќата, автопатот А96, кој поминува низ Бухлое и ги поврзува Минхен и Меминген, е целосно затворен за сообраќај во двата правци помеѓу раскрсниците Бухлое-Ост и Ландсберг ам Лех-Вест. Според информациите од автоклубот ADAC, се очекува прекинот да трае најмалку 11 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн.

Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер