Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
СветФидан: Турција е подготвена да направи сè што е потребно да придонесе во тековните мировни напори за ГазаТурција е подготвена да „направи сè што е потребно“ за да придонесе во тековните мировни напори во врска со Газа, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јави Анадолија.Фидан ја даде изјавата за време на 23-то издание на Доха Форумот кој се одржува во главниот град на Катар, одговарајќи на прашањето дали Анкара размислува за испраќање трупи во Газа. Наведувајќи дека е во тек сеопфатна дискусија за Меѓународните сили за стабилизација во Газа, Фидан рече дека се спроведува темелна проценка во врска со тоа како ќе бидат распоредени силите, каква ќе биде нивната мисија и според кои правила ќе функционираат. Тој повика на „реалистичен“ пристап кон мисијата на силите при поставувањето очекувања, „бидејќи постои одредена реалност на теренот“. - Мислам дека нашата прва цел при распоредувањето на Меѓународните сили за стабилизација треба да биде одвојување на Палестинците од Израелците на граничната линија. Ова треба да биде нашата главна цел. Потоа, можеме да работиме на другите преостанати прашања, додаде Фидан. За да бидат ефикасни Меѓународните сили за стабилизација мора да се формираат и обучат полициски сили, а мора да се формираат локалните администрации за да се формира мировен комитет, истакна тој. Останува нејасно кои земји ќе дадат свој придонес кон силите, но процесот постепено ќе се обликува откако ќе бидат распоредени Меѓународните сили за стабилизација, истакна турскиот министер за надворешни работи. Нагласувајќи дека Анкара спроведе политика на отворени врати по сириската граѓанска војна, Фидан рече дека оваа политика служи за хуманитарни цели. Потребна е меѓународна соработка за да се обезбеди стабилност во Сирија, додаде тој. Она што американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го направи во однос на медијацијата и активностите за градење мир се совпаѓа со интересите на Турција, изјави Фидан, повторувајќи ја желбата на Анкара за прекин на огнот во Украина и Газа. Во врска со тековната руско-украинска војна, шефот на турската дипломатија рече дека на Европа се чини дека ѝ се потребни „покреативни решенија за да стане поотпорна“. - Мислам дека единствениот одржлив начин да се продолжи и да се стави крај на оваа војна е верно и енергично вклучување во мировните преговори. Во моментов се одвива добра медијација, рече тој. - Знам дека Европа ја има секоја причина да не ѝ верува на Русија, а исто така и обратно; ако ја слушате Русија, тие имаат причини да не веруваат никому. Но, тие имаат свое гледиште, додаде Фидан.Тагови: Фидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29