Фицо жестоко ѝ одговори на Каја Калас по критиките за неговото заминување во Москва - Канал 5

Фицо жестоко ѝ одговори на Каја Калас по критиките за неговото заминување во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ѝ рече на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, дека таа нема овластување да ја критикува неговата посета на Москва на Денот на победата.

Фицо жестоко ѝ одговори на Каја Калас по критиките за неговото заминување во Москва

„Како висок функционер на Европската комисија, немате апсолутно никаква надлежност да критикувате суверен премиер на суверена земја кој има конструктивен пристап кон целата европска агенда“, напиша Фицо на својата Фејсбук страница.

Тој потсети дека повеќе од 60.000 војници на Црвената армија загинале за време на ослободувањето на Словачка и истакна дека дошол во Москва за да им оддаде почит.

„Драга Каја, уште еднаш ги забележав вашите изјави упатени до мене во врска со денешната посета на Москва и најавената средба не само со рускиот претседател Владимир Путин. Очигледно не сум на вистинската страна на историјата или други такви длабоки геополитички размислувања“, изјави Фицо.

„Прво на сите, дојдов во Москва за да им оддадам почит на повеќе од 60.000 војници на Црвената армија кои загинаа ослободувајќи ја Словачка. Не разбирам каква врска имаат овие храбри луѓе со моменталната меѓународна ситуација“, истакна словачкиот премиер.

Тој праша како можат да функционираат дипломатијата и надворешната политика ако политичарите не треба да се состануваат и да водат нормален дијалог за прашања за кои имаат различни мислења.

„Не се согласувам со политиката на новата Железна завеса, на која толку напорно работите“, заклучи Фицо, обраќајќи ѝ се на Калас.

Каја Калас претходно го критикуваше Фицо за присуството на Парадата на победата во Москва по повод 80-годишнината од победата над фашизмот, тврдејќи дека словачкиот премиер е „на погрешната страна од историјата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди

И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина

Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.

Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина

Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката.

Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе.

Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари.

Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра.

Почитувани,

Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело.

Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети.

Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион се урна во Хрватска

Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. 

Мал авион се урна во Хрватска

Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин.

„На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер