Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско - Канал 5

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско

Планот на Европската унија да го искористи рускиот имот за помош на Украина може да пропадне, бидејќи со себе носи сериозни ризици, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско

- Очекувањата од конфискацијата на замрзнатиот руски имот се огромни, но на следниот Европски совет во декември, кога треба да биде донесена одлука, Унијата може да се соочи со реалноста и планот може да доживее фијаско, истакна Фицо во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи.

Словачкиот премиер предложи во заклучокот од самитот на Европската унија во четвртокот да не се споменува можноста за конфискација и Комисијата да предложи други можности за финансирање на Украина за наредните две години и додаде дека предлогот бил усвоен.

Тој предупреди дека предложената конфискација на рускиот имот претставува сериозни ризици, меѓу кои се можни реципрочни мерки од Русија, кршење на меѓународното право и покренување правни постапки од руска страна.

- Ова парче руско сирење е многу примамливо за европските врани, забележа Роберт Фицо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер