3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
КултураФХ3Х со три филма меѓу номинираните 10 за Оскар за визуелни ефектиАмериканската Академија за филмски уметности, синоќа го објави списокот на 10 филма номинирани за најдобри визуелни ефекти, меѓу кои македонското студио за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествува во изработката на три од номинирани филма.Станува збор за филмови “Iron Man 3”, “The Lone Ranger” и “World War Z” на кои аниматорите на ФХ3Х работеа како дел од тимовите на Scanline, Industrial Lights & Magic и MPC. Од 10 филма номинирани од Академијата за најдобри визуелни ефекти во изминатата година, во јануари ќе се селектираат финалните пет. По азбучен редослед номинација добија: “Elysium”, “Gravity”, “The Hobbit: The Desolation of Smaug”, “Iron Man 3”, “The Lone Ranger”, “Oblivion”, “Star Trek into Darkness”, “Thor: The Dark World”, “Pacific Rim” и “World War Z”. - Оваа година конкуренцијата за Оскар е особено силна затоа што имаше навистина голем број филмови со извонредни визуелни ефекти и дури и самото влегување во оваа листа на номинирани 10 е огромен успех, изјави Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х и член на Асоцијацијата за визуелни ефекти. Тој додава дека со тоа што филмови како што се ”Man of Steel”, “Enders Game”, “Rush”, “The Wolverine” или “Аfter Earth” не влегоа во овој потесен избор, зборува за високото ниво на визуелни ефекти кои се ова година во игра. - Во ФХ3Х сме многу среќни што ја имавме таа привилегија да работиме на три од номинираните 10 филма кои влегуваат во потесен избор, особено што тие влегоа на оваа листа во навистина голема конкуренција. Визуелните ефекти на сите 10 филма се спектакуларни. Во овој момент фаворити и не можат да се издвојат се додека не се изгласаат финалните пет филма кои ќе влезат во избор за Оскарот, но секако нашите се “The Lone Ranger”, на кој работевме во соработка со Industrial Lights & Magic , “Iron Man 3,” на кој работевме во соработка со Scanline, и ”World War Z,” на кој соработувавме со MPC, и на кои им стискаме палци да влезат во финалните пет, вели Даниловски. Финалната листа со петте номинирани филмови од кои ќе се избере најдобриот, ќе биде објавена во јануари. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter