ФудбалФФМ: Праќајте мотивациони пораки на Фејсбук страната на ФФМ Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) креираше Фејсбук апликација преку која фудбалските фанови ќе имаат можност да ги напишат и да ги објават своите најдосетливи пораки и да ги мотивираат своите херои на теренот. - Поддршката од фановите е особено важна за македонските фудбалски репрезентативци. Позитивната енергија и мотивацијата можат ида влијаат наконечниот резултат на еден натпревар. Токму за таа цел, со цел да се оствари комуникација со фановите, да се поттикне нивната креативност но и да се даде можност на секој поединец да ја напише својата мотивирачка порака, истакнуваат од ФФМ. Апликацијата е прикачена на фан страната на ФФМ https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija фановите можат да ги споделуваат своите пораки, кои ќе бидат видливи за сите и да собираат лајкови. Најдобрите и најлајкуваните дваесет мотивирачки пораки ќе добијат билети за натпреварот Македонија - Белорусија кој ќе се одржи на 27 март, а ќе бидат поставени и во соблекувалната на нашите репрезентативци, како и на автобусот со кој тие патуваат. Од тие дваесет пораки македонските репрезентативци и селекторот Бошко Ѓуровски ќе изберат една главна порака, која ќе биде наградена со дрес од фудбалската репрезентација на Македонија, а секој од стартните 11 фудбалери ќе одбере своја омилена мотивирачка порака, која ќе биде испечатена на опремата со која тренира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook