Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
КултураФестивал и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци"Детскиот културен центар – „Карпош", Скопје трета година по ред од 28 – 30 мај го организира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци", што се одржува под покровителство на Град Скопје.-Фолклорната култура е човечки израз за да се опише начинот на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство, кое е неизоставен дел од развојот на децата, кои се развиваат и усовршуваат наоѓајќи сопствен изворен уметнички јазик. На уникатен и единствен начин се запознаваме со етно приказните на различни култури, како и запознавање со сличностите и различностите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел, вели директорката Билјана Лалчевска Серафимовска. Преку звукот на народните инструменти, додава таа, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗдравјеСветски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбинаСо вакцина против ХПВ може да дојдеме до целосно искоренување на ракот на грлото на матката и ако сега просекот на заболени е околу 120 жени годишно, од кои половина ја губат битката, тоа за една деценија може да стане минато. Ова е пораката на светскиот денот на Ерадикација на карциномот на грло на матка што преку Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари се одбележува и кај нас. Проф. д-р Глигор Тофоски вели елиминација или 0 заболени не е научна фантастика туку е достижна цел, со вакцинација против ХПВ до 15-годишна возраст. Матичните лекари и докторите од вакциналните пунктови апелираат за редовни прегледи и вакцинација, која се препорачува и за момчиња бидејќи и нив ги штити од други типови на карцином. Вакцината до 19 години е бесплатна, над оваа возраст една доза чини 8.000 денари. Опфатот на задолжителната вакцина е далеку од идеален, а најмал број на деца се вакцинираат во Центар, Карпош и Аеродром. Болестите што можат да се превенираат не треба да дозволиме да бидат наша судбина велат од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието одбележани 35 години од донесувањето на УставотДенеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.Прв свое воведно обраќање имаше претседателот на Собранието, Африм Гаши. „ 8 Септември 1991 година и 17 Ноемврии истата година се два неразделни настана во современата историја на државата, бидејки на првиот датум се одржа референдумот, а на вториот беше донесен Уставот на независна Македонија со што на најјасен начин беше изразена политичката волја на граѓаните и нејзината институционализација преку уставниот поредок. Со тој Устав, покрај политичкото прогласување на државноста, Македонија го дефинираше и својот државен идентитет и го задеде своето место меѓу суверените, независни, демократски и социјални држави, станувајки правна држава заснована на владеење на правото, човековите слободи и права, политичкиот плурализам и евроатлантската определба“ – истакна Гаши По говорот на претседателот Гаши, следуваше документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав“ Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, во своето обраќање истакна дека архивските извори претставуваат основа за разбирање на генезата на сопствената држава, нејзиниот политички и правен развој, како и сведоштво за историските процеси поврзани со независноста. Тој нагласи дека Државниот архив претставува институционална меморија на државата и значаен столб на правната сигурност и непреченото функционирање на државните органи. Директорот на ЈНУ Институт за национална историја, Митко Панов, во своето обраќање се осврна на историските случувања во текот на дваесеттиот век, посочувајќи го нивното значење за разбирањето на современите државни процеси. Притоа, ја истакна и важноста на денешниот настан, нагласувајќи дека „Уставот е темелна заштита на идентитетот и достоинството на граѓаните“. Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се осврна на својот личен придонес во процесот на донесувањето на Уставот, истакнувајќи дека тој бил усвоен со 92 гласа „ЗА“ и 22 „ПРОТИВ“, што, според неа, го потврдува неговиот цврст демократски легитимитет. Таа говореше и за уставните измени и промените низ кои Уставот поминал од неговото донесување до денес. Осврнувајќи се на значењето на Уставот во современото општество, претседателката го истакна неговото место како најважен општествен договор меѓу граѓаните, повикувајќи се на мислата на Жан-Жак Русо. Во рамки на денешниот настан ќе се одржат и панел-дискусии, како и меѓународен научен симпозиум, на кои учесниците ќе имаат можност да разменат научни сознанија, ставови и искуства, отворајќи дискусија за историските, правните и општествените аспекти на донесувањето на Уставот и неговото значење во развојот на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра. Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома. ,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“ Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter