3Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФормулаФернандо Алонсо наполни 44 годиниДвократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо го прослави својот 44-ти роденден. Шпанскиот возач, кој се натпреварува за Астон Мартин, е најстариот возач во Формула 1 во последните 50 години. Последниот толку возрасен учесник во шампионатот пред Алонсо беше Греам Хил, двократен шампион кој ја заврши кариерата по Големата награда на Бразил во 1975 година на возраст од 45 години, 11 месеци и 11 дена. Алонсо е рекордер во Формула 1 по бројот на одржани Гран При трки (414) и бројот на сезони (22). Шпанецот е меѓу првите 10 возачи по бројот на победи (32) и подиуми (106) во историјата на шампионатот. Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската делегација беше дел од 81-та сесија на ГС на ОН, премиерот Мицкоски објави видеоПремиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација во Њујорк на фејсбук објави видео од 81-та сесија на ГС на ОН со светските лидери.„81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации со светските лидери, со цел повторно зајакнување на глобалната соработка, давање клучен поттик на Целите за одржлив развој и поттикнување заедничка акција за мир, достоинство и еднаквост на здрава планета.“- стои во описот на видеото. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо хотел во Охрид пронајдена почината Германка На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид,била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија, информира Министерството за внатрешни работи. -Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, стои во билтенот од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
АвтомобилизамГерманците донесоа одлука: „Hyundai Ioniq 6N“ освои престижна наградаЦелосно електричниот „Hyundai Ioniq 6N“ го освои првото место во категоријата „Перформанси“ на изборот за Германски автомобил на годината (GCOTY) за 2027 година.Одлуката ја донесе независно жири составено од автомобилски новинари, кои го препознаа моделот по неговите перформанси, управливост и карактер фокусиран на возачот. Оваа награда од „GCOTY“ доаѓа откако „Ioniq 6N“ беше прогласен за „World Performance Car“ пред само неколку месеци. Моделот користи технологии дизајнирани да ја истакнат спортската природа на електричниот автомобил, вклучувајќи ги системите „N e-Shift“ и „N Active Sound+“, за кои „Hyundai“ наведува дека имаат цел да обезбедат подиректно возачко искуство. Развиен за употреба и на јавни патишта и на тркачки патеки, „Ioniq 6N“ се заснова на три столба од филозофијата на „N“: „Corner Rascal“ (мајстор за свиоци), „Racetrack Capability“ (способност за тркачка патека) и „Everyday Sports Car“ (спортски автомобил за секојдневна употреба). „Оваа награда ја потврдува нашата посветеност да го испорачаме возбудливото чувство при возење што го очекуваат љубителите на автомобили со високи перформанси, без никакви компромиси“, изјави Џун Парк, потпретседател и раководител на групацијата за управување со „N“-дивизијата. Тој додаде дека „Hyundai“ ќе продолжи да развива нови технологии и да го користи мотоспортот – вклучувајќи ја и трката „24 часа на Нирбургринг“ – како платформа за развој на идните модели од серијата „N“. Извор: Б92Тагови: Hyundai Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook