Фернандеш се откажа од наградата за играч на натпреварот- му ја даде на 35- годишна легенда

Манчестер Јунајтед го победи Барнли со 1:0 на гостински терен во 6. коло од Премиер лигата, со што ја прекина серијата од три последователни порази во сите натпреварувања и ја оствари третата лигашка победа во новата сезона.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Бруно Фернандеш во 45. минута.

Манчестер Јунајтед победи откако Џони Еванс, чиј гол беше поништен во 25. минута, со одлична долга топка го пронајде Фернандеш, а тој од првиот волеј го погоди спротивниот агол за победа на гостите. Фернандеш ја доби наградата за играч на натпреварот, но му ја додели на соиграчот Еванс, кој за прв пат ја започна играта оваа сезона.

"Уживав во секоја минута од натпреварот. Пред натпреварот имаше чувство на чиста возбуда, едвај чекав да започне. Тоа беше мојот 200-ти натпревар за Манчестер Јунајтед. Никогаш не мислев дека ќе ја достигнам таа бројка. Тоа беше незаборавно“, изјави Еванс по натпреварот.

Еванс (35), државјанин на Северна Ирска, тренираше за Манчестер Јунајтед дури и во помладите категории. По неколку позајмици во Сандерленд и белгискиот Кралски Антверпен, тој во 2008 година почна да игра за првиот тим на Манчестер.

Потоа, во 2015 година, замина во Вест Бромвич, а потоа во Лестер, за да се врати во Јунајтед бесплатно минатото лето. Во својата кариера освои сѐ што можеше со Јунајтед - Лигата на шампионите, три првенства, ФА Купот, два Лига купа и Светското клупско првенство на ФИФА.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер