Други спортовиФергусон со танц објави дека излегува од болница (ВИДЕО)Тони Фергусон вчера беше поразен од Џастин Гаети на УФЦ 249 што се одржа во Џексонвил по интервенцијата на судијата во петтата рунда.Тоа беше првиот пораз на Фергусон од 2012 година и борбата со Мајкл Јохансон. Фергусон падна во петтата рунда, но до тоа време тој доби бројни удари, од кои сè уште ги чувствува последиците. По тепачката тој веднаш бил пренесен во болницата, каде според американските медиуми е откриена руптура на неговата орбитална коска. Тоа, и покрај сè, не го уби неговиот дух. Имено, 36-годишниот Американец треба наскоро да биде пуштен од болницата, а веста ја прослави со танцување во болничката соба. View this post on Instagram “Recovery🌱Dayze” 🦸♂️ When You’re About To Get Discharged From The Hospital #LetMeOut 💪😆🤙 # MothersDayVibes PostFight #ufc249 🇺🇸🏆🇲🇽 A post shared by @TonyFergusonxt (@tonyfergusonxt) on May 10, 2020 at 10:18pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје Најдобра навика за слабеење по 50-тата година не е броењето на калориитеГубењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста.Губењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста. Поради ова, диетите што некогаш давале резултати честопати не се толку ефикасни. Нутриционистите истакнуваат дека решението не е во строгите диети или броењето на секоја калорија, туку во создавањето доследни навики во исхраната, пишува EatingWell. Една од најважните навики е вклучувањето протеини во секој оброк. „Една од најдобрите навики за губење тежина по педесеттата година е да се даде приоритет на протеините во секој оброк“, вели нутриционистот д-р Лиза Јанг за EatingWell. Зошто се важни протеините? Јанг објаснува дека мускулната маса природно се губи со возраста, а токму мускулите помагаат во одржувањето на побрз метаболизам. Овој процес е познат како саркопенија, а истражувањата покажуваат дека диетата со висока содржина на протеини, во комбинација со вежбањето, може да помогне во зачувувањето на мускулите за време на губење на тежината. Протеините му обезбедуваат на телото градежни материјали неопходни за зачувување на мускулната маса. Покрај тоа, протеините придонесуваат за подолго чувство на ситост и можат да ја намалат потребата за грицкање помеѓу оброците. Истражувањата покажуваат дека тие влијаат на хормоните што го регулираат апетитот, па затоа оброците богати со протеини можат природно да помогнат во намалување на внесените калории. Нутриционистот Меги Бел препорачува консумирање од 30 до 50 грама протеини по оброк, бидејќи тоа го поддржува одржувањето на мускулите, го зголемува чувството на ситост и помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. За жените, протеините се особено важни за време и по менопаузата. Падот на естрогенот го забрзува губењето на мускулната маса, што може да го забави метаболизмот и да го отежни одржувањето на тежината. Истражувањата покажуваат дека најдобри резултати се постигнуваат кога исхраната богата со протеини се комбинира со тренинг за сила, квалитетен сон и добро планирање на оброците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
Македонија Тимчо Муцунски во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо МуцунскиВечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо МуцунскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Родителите најчесто се поголем „проблем“ од децатаДетето најчесто се однесува по образецот што настанал во семејството, а не поради неговата „своеглавост“, „мрзеливост“ или „непослушност“ – пишува Миро Пандур, мултимедијален дизајнер, едукатор и авторДетето најчесто се однесува по образецот што настанал во семејството, а не поради неговата „своеглавост“, „мрзеливост“ или „непослушност“ – пишува Миро Пандур, мултимедијален дизајнер, едукатор и автор на курсевите со содржини од психологија, дизајн и технологија. Кога детето е непослушно, има проблем во школо, дома или на тренинг, првиот рефлекс на возрасните е „Што не е во ред со него“, па се испраќа кај педагогот, психологот, наставникот, инструкторот... Од него се очекува да биде мирно, послушно, концентрирано, културно, одговорно. По одредено време, станува јасно дека изворот на проблемот не е детето. Како кога ќе светне светло на контролната табла од автомобилот, светлото не е проблем, туку предупредување дека нешто во системот не функционира. Овој српски едукативен советник, наведува дека сè повеќе сериозно треба да се работи со родителите, не во смисла да се прогласат за неспособни, неподобни или да се понижат, туку затоа што најголем дел од моделот на однесување детето го учи токму од нив. Детето не расте изолирано Секое дете дома учи што е нормално. Ако се вика во домот, тоа учи расправијата да ја реши со викање. Ако сè се добива веднаш, тоа учи дека не мора да чека. Ако родителот постојано попушта, детето учи дека границата е почеток на преговори. Ако родителот го штеди детето од обврски, ги решава сите негови непријатности, тогаш детето не развива отпорност. Ако постојано се фали без мерка, тоа не развива реална слика за себе. Ако постојано е критикувано, развива несигурност. Ако наместо разговор во кое би било сослушано, му се нуди екран, како замена за игра, внимание, досада, тогаш детето потешко развива трпение и внатрешна контрола. Со други зборови, детето станува „такво“ во одредена средина. Секое дете има карактер, темперамент, чувства и свои особености, но семејството е првиот простор во кој се формираат овие квалитети. Зошто е потешко да се променат родителите? Со децата често може да се работи побрзо. Кога децата се чувствуваат сигурно, јасно и доследно, тие можат изненадувачки брзо да го променат своето однесување. Тие сè уште учат, се прилагодуваат и бараат ориентација. Кај родителите е потешко бидејќи потребно е да препознаат што прават погрешно, а тоа не е лесно, го засега егото. Родителот најчесто не го слуша советот како помош, туку како обвинување. Тие не слушаат: „Можеме подобро“, туку: „Ти си лош родител“. Затоа реагираат одбранбено: Школото е виновно, наставникот, општеството, телефонот е виновен, другите деца се виновни. Времето во кое живееме е виновно. Сето ова може да има влијание, но сериозното воспитување започнува само кога родителот ќе се запраша:„Што учи моето дете секојдневно гледајќи ме?“ Родители кои премногу го штитат своето дете Еден од големите современи проблеми е родител кој сака да го заштити детето од секоја тешкотија. Таквиот родител решава домашна задача, се јавува кај наставниците за секоја оценка, ја оправдува секоја грешка на детето, го прекинува секој конфликт пред детето да научи нешто од тоа. Намерата често не е лоша. Родителот го сака детето и не сака да страда. Но, детето чиј пат постојано се чисти не учи да оди по нерамна земја. Кога ќе дојде вистинскиот живот, таквото дете лесно се распаѓа при првото сериозно одбивање, неуспех или критика. Заштитата е неопходна, но прекумерната заштита може да стане пречка за развојот. Детето мора да има право да направи грешка, да сноси последица, да се обиде, да му здодее, да чека и да го поправи она што го скршило. Родители кои го користат детето како свој продолжеток Постојат и родители кои го користат детето за да ги лечат сопствените амбиции. Детето мора да биде најдобро, најпаметно, најталентирано, најуспешно. Неговиот успех станува доказ за неговата вредност кај родителите, а неговиот неуспех родителски пораз. Таквото дете не се чувствува сакано поради тоа што е, туку поради она што го постигнува. Тоа почнува да живее под притисок на сликата што родителот сака да ја покаже пред светот. Наместо воспитување, се создава проект. Наместо дете, создава излог. Таквото дете губи контакт со себе, се прашува што сакаат другите од него, а сè помалку кој сум, што чувствувам, што можам да направам, како треба да се развивам... Училиштето не може да го замени семејството Од училиштето често се очекува да го поправи она што со години дома било запоставувано. Наставникот треба да го научи детето на ред, почит, концентрација, одговорност, емпатија, работни навики и култура на однесување. Секако, училиштето има образовна улога. Но, училиштето не може да го замени родителскиот дом. Ако детето дома нема граници, училиштето ќе му изгледа како непријател. Ако дома не исполнува обврски, домашната задача ќе му изгледа како насилство. Ако дома никој не разговара со него, зборовите на наставникот тешко ќе стигнат до него. Ако дома, родителот го поткопува авторитетот на наставникот пред детето, детето нема да го почитува учењето. Родителот не мора да биде совршен, но мора да биде присутен. Да сослуша без прекинување и осуда, да препознае емоции кај детето без да ги минимизира, смирено да постави граници, да покаже интерес за неговото секојдневие, да се извини кога ќе погреши, да одвои време за да се поврзе со него преку некаква активности интересна за детето, да му даде чувство дека е безусловно сакано. Детето често е симптом, а не причина Кога детето постојано пркоси, може да станува збор за потреба од граници. Кога постојано бара внимание, можеби не добива доволно внимание таму каде што најпотребно. Кога лаже, можеби премногу се плаши од реакцијата на возрасните. Кога е агресивно, можеби не знае како да ја изрази својата беспомошност на друг начин. Кога е „мрзливо“, можеби е обесхрабрено, преоптоварено или никогаш не ги научило навиките за работа чекор по чекор. Одговорноста не е исто што и етикетирањето. Да му се каже на детето „непристојно си“ не е исто што и да се каже: „Ова однесување не е во ред и сега ќе научиме како да го правиме поинаку“. Работата со родителите не е напад врз родителите Важно е да се биде искрен: воспитувањето денес не е лесно. Родителите се уморни, под стрес од кредити, работа, несигурност, дигитален хаос, социјална споредба и постојано чувство дека не се доволно добри. Многу родители немале здрав модел на родителство, па затоа денес импровизираат. Затоа работата со родителите не треба да биде лов на виновници. Треба да биде поддршка, огледало и повик за зрелост. Понекогаш треба јасно да му кажете на родителот: „Тука треба да бидете подоследни.“ Понекогаш: „Премногу контролирате.“ Понекогаш: „На вашето дете не му требате како адвокат во секоја ситуација, туку како родител.“ Понекогаш: „Треба да научите да слушате без да мавтате со раката, да се потсмевате или да експлодирате.“ Родителот кој се менува не го губи авторитетот. Напротив, го добива. На детето не му треба совршен родител, туку возрасен кој знае да признае грешка, да постави граница, да го одржи зборот и да сака без уцена. Што може родителот веднаш да промени? Помалку оправдување, повеќе одговорност. Не го бранете детето од секоја последица. Помалку екран како замена за воспитување. На децата им е потребен разговор, игра, обврски и досада. Појасни граници. Границата што се поместува секој пат престанува да биде граница. Повеќе слушање. Детето кое чувствува дека е слушнато полесно прифаќа насока. Помалку споредби. Споредбите со другите честопати не мотивираат, туку повредуваат. Повеќе личен пример. Децата го читаат однесувањето на своите родители подобро од нивниот разговор. Најголемата промена започнува кога родителот ќе престане да прашува што му е на детето, туку почнува да ја гледа целосната слика: домот, ритамот, разговорот, границите, навиките, сопствениот стрес, сопствените реакции. Кога родителот ќе почне да се менува, детето ја чувствува разликата. Кога родителот станува посмирен, појасен, подоследен и поприсутен, детето добива побезбедна рамка. А во безбедна рамка, детето се развива полесно. Затоа можеби едно од најважните прашања на модерното воспитување е следново: не како да се поправат децата, туку како да им се помогне на возрасните повторно да ја преземат својата родителска улога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook