3МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
1Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ФудбалФергусон: Гвардиола ќе биде успешен во Манчестер Сити, но нема да му биде лесно Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон смета дека новиот менаџер на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ќе има успех во Премиер лигата, но нема да му биде нималку лесно како менаџер на „граѓаните“.- Манчестер Сити направи добар избор со Гвардиола, но англискиот фудбал не е лесен и тоа ќе ви го потврди секој тренер-странец, кој ќе дојде во Англија. Слична беше ситуацијата со Арсен Венгер и со Жозе Мурињо. Пеп ќе биде успешен, но не како што беше во Барселона. Тој е одличен тренер со неверојатна работна етика и тренерски способности, изјави Фергусон за Скај спортс. Гвардиола до крајот на оваа сезона ќе го предводи германскиот шампион Баерн Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства. „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески. Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите. На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаНевреме во Франција: Обилни врнежи,поплавени куќи,евакуирано население,затворени патишта Четири департмани во јужна Франција се под портокалово метеоролошко предупредување поради обилни дождови и ризик од поплави, додека во текот на ноќта на југот на Корзика беа евакуирани 73 лица, соопштија денеска надлежните служби.Метеоролошката служба „Метео-Франс“ (Meteo-France) го прошири предупредувањето и на департманите Еро (источниот дел) и Гар (јужниот дел), кои им се придружија на Корзика и Горна Корзика, објави телевизијата БФМ (BFM TV). Предупредувањето е на сила од 10 часот утрово, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста тоа да се подигне на повисоко ниво, доколку силните невремиња продолжат во истите области. Префектурата на Корзика соопшти дека синоќа биле евакуирани 73 лица, кои се сместени во спортска сала во Порто Векио. Предупредувањето до жителите и лицата кои престојуваат во општините Порто Векио и Сари-Солензара било испратено уште од седум часот наутро. Обилните дождови што ја зафатија областа Порто Векио од средата доведоа до загрозување на многу луѓе, при што се спасени 20 лица, меѓу кои и едно лице извлечено од возило што било однесено од водената стихија, соопштија од противпожарната служба на Јужна Корзика. Исто така, поплавени се 10 куќи, додека неколку патишта се затворени поради прелевање на вода преку мостовите во областа Порто Векио, Сото и Фигари.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни местаМинистерството за образование и наука и Европската банка за обнова и развој потпишаа Меморандум за разбирање со цел да го поддржат развојот на квалификации и програми за обука за секторите за управување со отпад и циркуларна економија.Партнерството ќе придонесе за подготовка на стандарди за занимања и квалификации, наставни планови, наставни програми и програми за обука, во согласност со Националната рамка на квалификации во Македонија. Соработката ќе ги зајакне капацитетите на образовните институции и давателите на обуки за спроведување програми што ќе им ги обезбедат на луѓето потребните вештини за современ, безбеден сектор за управување со отпад, усогласен со стандардите на Европската Унија. Воспоставувањето на оваа соработка е дел од програма финансирана од Европската Унија, поврзана пак, со Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран од ЕБОР. Проектот ја поддржува изградбата на санитарни депонии усогласени со европските стандарди, претоварни станици и набавка на нова опрема во регионите Пелагонија/Југозапад, Полошкиот и Вардарскиот/Југоисточниот Регион. Современиот систем за управување со отпад не зависи само од новата инфраструктура, туку и од квалификувана работна сила способна ефикасно да управува со системот, да го одржува и да го користи. Во таа насока, иницијативата ќе поддржи креирање нови образовни патеки за учениците во средните училишта, наставниците, невработените лица, работниците кои сакаат да стекнат нови вештини и возрасните со соодветно техничко искуство, вклучително и лицата кои се соочуваат со пречки во пристапот до формалното образование и вработување. „Со воспоставувањето на оваа соработка ќе дадеме значителен придонес кон развојот на систем за правилно управување со отпадот и дефакто придонес кон намалување на загадувањето на средината. Важна е инфраструктурата, но подеднакво важен е и кадарот. Ќе создадеме стручен кадар кој е потребен за постојните, но и за многу нови т.н. зелени работни места што во иднина ќе се отворат“, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по потпишувањето на меморандумот. „Современата инфраструктура за управување со отпад бара квалификувана и инклузивна работна сила за да се остварат целосните еколошки, економски и социјални придобивки. Ова партнерство ќе помогне Регионалниот проект за цврст отпад да се преточи во долгорочни можности за луѓето, почнувајќи од основни обуки за оператори за управување со отпад, па сè до квалификации за технички и раководни позиции. Инвестирањето во вештини е од суштинско значење за развој на циркуларна економија усогласена со стандардите на ЕУ и за обезбедување директни придобивки за заедниците од оваа значајна инвестиција“, изјави Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Македонија. Шефот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Стефано Елеро истакна: „Транзицијата кон модерен, одржлив систем за управување со отпадот, усогласен со стандардите на Европската Унија, подразбира многу повеќе од изградба на инфраструктура – таа значи создавање можности за луѓето и обезбедување услови сите да имаат придобивки од зелената транзиција. Преку ова партнерство инвестираме во вештините, знаењето и капацитетите потребни за развој на квалификувана работна сила, истовремено промовирајќи инклузивни и општествено одговорни можности за вработување. Со поврзување на образованието и обуките со потребите на секторот за управување со отпадот, кој е во развој, како и со интегрирање на принципите на општествена одговорност во процесите на јавни набавки, можеме да обезбедиме оваа инвестиција да донесе долгорочни еколошки, економски и социјални придобивки. Нашата амбиција е зелената транзиција да биде не само одржлива, туку и инклузивна, при што никој нема да биде изоставен.“ Министерството, ЕБОР и релевантните партнери од областа на образованието, обуките и секторот ќе формираат заедничка работна група за развој на квалификации и програми за обука што ќе одговорат на оперативните, техничките и менаџерските потреби на новиот регионален систем за управување со отпад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00