Ферари ќе лансира два нови модели во 2020, ска да ја прошири базата на купувачи - Канал 5

Ферари ќе лансира два нови модели во 2020, ска да ја прошири базата на купувачи

Меѓу нив не е „SUV“ моделот кој е планиран дури за 2022 година.

Ферари ќе лансира два нови модели во 2020, ска да ја прошири базата на купувачи

Ферари зад себе остави многу успешна 2019 година во која претстави дури пет нови модели. „Roma“, „SF90 Stradale“, „F8 Tributo“, „F8 Spider“ и „812 GTS“ – сите тие дебитираа минатата година.

Освен тоа Ферари по прв пат во една календарска година на купувачите им ипорачал преку 10 илјади автомобили. Во 2019 се продадени 10.131 возила со знакчето на Ферари, а според сајтот „Fiat Group World“, Ферари во просек заработил дури 86.369 евра по автомобил.

И покрај проблемите педизвикани од пандемијата на коронавирусот, плановите за 2020 не се значајно променети кога станува збор за новите модели.

Двете светски премиеро ќе се одржат во втората половина на годината, пренесе „Autocar“. Иако Ферари не обелодени за кои модели станува збор, наведено е дека тие ќе и помогнат на компанијата да допре до купувачите кои до сега не купувале автомобило од овој бренд. На тој начин италијанскиот произведувач ќе ја прошири базата на своите купувачи.

Сепак, најавениот „SUV“ модел не е еден од нив, со оглед дека тој е предвиден дури за 2022 година.

Во 2020 веројатно нема да видиме директен наследник на „LaFerrari“, затоа што овој модел би требало да биде претставен по „SUV“ моделот според најавите на компанијата.

На форумите на Ферари може да се прочина дека еден од главните кандидати за 2020 е моделот „SF90 Stradale Spider“, но конечен одговор на прашањето што ни спрема италијанскиот произведувач ќе дознаеме во текот на летото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер