Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамФерари го претстави HC25, премиерата се одржа на патека во Тексас (ФОТО)Преку својата програма „Специјални проекти“, Ferrari со години произведува сосема уникатни автомобили за најбогатите и најлојалните клиенти. Единствениот предуслов е да имате доволно голем паричник, а Ферари ќе ја исполни секоја желба. Најновиот резултат од таков проект се нарекува HC25, а премиерно беше претставен патеката на „Circuit of the Americas“ во Тексас. Тоа е уникатен модел кој симболично затвора една ера на Ferrari. Ова е веројатно последниот модел на Ferrari без електрична помош, кој целосно се потпира на V8 мотор поставен во средината. Ferrari наведува дека HC25 забрзува до 100 км/ч за 2,9 секунди, достигнува 200 км/ч за 8,2 секунди, додека максималната брзина е 340 км/ч. Заснован на F8 Spider Техничката основа на F8 Spider е скриена под целосно новата каросерија. Тоа значи дека автомобилот е напојуван од 3,9-литарски двоен турбо V8 со 720 КС и погон на задните тркала. Сепак, за разлика од F8 Spider, познат по своите поелегантни и помеки линии, HC25 носи многу поагресивен и технички посложен дизајн. Димензиите на HC25 се значително различни: тој е 147 mm подолг, 27 mm поширок и 23 mm понизок од F8. Автомобилот веќе јасно го покажува новиот дизајнерски правец што тимот на Флавио Манцони неодамна го претстави на моделот F80. Острите рабови се комбинирани со нагласени браници и многу изразени аеродинамични елементи. Една од најголемите особености на моделот HC25 е визуелната поделба на каросеријата. Автомобилот изгледа како да е составен од два одделни дела поврзани со сјајна црна лента што се протега околу целото возило. Таа лента не е само дизајнерски детаљ, туку ги крие и отворите за воздух и системот за отстранување на топлината на V8 моторот. Рачките на вратите интегрирани во масивни алуминиумски елементи се особено интересно решение. Исто така, има и сосема нова светлосна графика. Фаровите користат модули кои никогаш порано не се појавиле на ниту едно друго Ферари, додека LED дневните светла имаат форма на бумеранг лоцирана по должината на рабовите на браниците. Единствениот примерок е обоен во мат сива нијанса наречена Moonlight Gray, што создава силен контраст со жолтите сопирачки шепи и деталите во ентериерот. Во ентериерот доминира сиво високотехнолошко ткаење кое дополнително го нагласува функционалниот карактер на автомобилот. HC25 е посебен и по тоа што претставува еден вид мост помеѓу минатото и иднината на Ферари. Користи механиката на последниот чист V8 Spider, но неговиот дизајн веќе покажува каде оди Ферари во иднина.Тагови: патекаа ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
ЕвропаМелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист. „Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција. Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина. ❗️Meloni said in an interview with Il Foglio that support for Ukraine is not up for bargaining, even for political or electoral gain. She will not enter a coalition with those who vote against aid to Kyiv and will not change her position “for calculation.” Anyone looking for a… pic.twitter.com/ZEWHBghEqP — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 13, 2026 „Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони. Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа. Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието. Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00